Во филозофијата на јазикот, природен т.е. обичен јазик е оној кој потекнува на начин што не е однапред планиран, како резултат на вродената умешност за јазик поседувана од страна на човековиот интелект. Природниот јазик вообичаено се користи за комуникација и може да биде говорен, со знаци или пишан јазик. Природниот јазик се разликува од конструираните и формалните јазици, како што се на пример компјутерскиот – програмерскиот јазик или јазиците кои се користат за проучување на логиката, особено математичката логика.

Дефинирање на природниот јазик

уреди

Иако точната дефиниција варира меѓу експертите, од една страна природниот јазик во поширока смисла може да се дефинира како вештачки или конструиран јазик, како што е на пример програмерскиот јазик Питон и меѓународните помошни јазици како Есперанто, а од друга страна се дефинира како систем на комуникација во природата, како што е на пример јазикот на пчелите „танцот со мавтање“. Иако има голем број на разни природни јазици, секоја когнитивна и нормална личност може да е способна да научи секаков вид на природен јазик. Споредувајќи ги природните јазици, експертите се надеваат дека ќе научат нешто за природата на човечката интелигенција, за вродените предрасуди, како и за ограничувањата кои го формираат природен јазик.

Сфаќањето на јазичарите за гледиштата кои лежат во правилата на природниот јазик е непотполно и затоа тие правила се предмет на изучување. Сфаќањето за природните јазици не само што открива за тоа како јазикот функционира (во смисла на синтаксата, семантиката, фонетиката, фонологијата итн.), туку го открива и јазичниот процес во човечкиот ум и мозок. Во јазичаричка смисла, природниот јазик се применува само како јазик кој се развил природно, а изучувањето на природниот јазик првенствено го вклучува само мајчините (со прв јазик) говорници.

Со теоријата за универзална граматика се претпоставува дека сите природни јазици подлежат на одредени правила кои ја ограничуваат структурата на една одредена граматика за секој јазик.

Додека граматичарите, писателите на речници и творците на јазичната политика имаат одредено влијание врз развивањето на јазикот, нивната способност да влијаат врз луѓето за тоа што треба да кажат, се разликува од тоа што всушност тие кажуваат. Поимот природен јазик се однесува всушност на јазичаричкото однесување и сè повеќе се рамни со описната лингвистика отколку со јазичаричкото пропишување. Како резултат на тоа, за нестандардните јазични видови (на пример африканско–американскиот мајчин јазик) се смета дека е природен јазик, додека за стандардните видови јазици (на пример стандардниот американски јазик), кои се поодредени, се смета дека се барем дел од нив извештачени или конструирани.

Изучување на природниот јазик

уреди

Изучувањето на еден свој природен јазик, типично на еден од родителите, се случува спонтано, во раното детство и е водено од биолошки нагон. Важна улога за овој процес игра способноста на луѓето од раните години да се ангажира јазичното повторување и брзо да се снабди со говорениот вокабулар како резултат на изговорот на зборовите кои се говорени околу нив. Ова и заедно со други гледишта на говорот, ја вклучува невралгичната активност на деловите од човечкиот мозок, како што се на пример областа Верник и Брока.

Приближно постојат околу 7.000 сегашни човечки јазици и многу од нив, ако не и сите, изгледа дека имаат исти одлики, што доведува до верувањето дека постои универзална граматика, како што е покажано со студијата за генеративната граматика предводена од делото на Ноам Чомски. До пред некое време, се демонстрираше дека посветената мрежа во човечкиот мозок (вклучувајќи ја и областа Брока, дел од левата долна фронтална gyrus) се активира селективно од страна на сложените глаголски структури (но не и од едноставните) од јазиците кои имаат потреба од Универзалната граматика.[1][2]

Потекло на природниот јазик

уреди

Меѓу антрополозите има несогласување за тоа кога јазикот за првпат се користел од страна на луѓето (или од нивните предци). Проценето е од пред околу две милиони (2.000.000) години, во времето на „Хомо хабилис“, до пред околу 40.000 години, во времето на Кромањонскиот човек. Сепак, според скорешните докази се претпоставува дека современиот човечки јазик бил измислен или се развил во Африка, околу 50.000 години пред нивното раштркување. Откако сите луѓе, вклучувајќи ги и најизолираните домородни групи како Андаманезите или тасманските абориџини, можело да се претпостави дека јазикот бил присутен кај популацијата на африканските предци, пред да се поделат на различни групи за да го населат остатокот од светот.

Јазичаричка разновидност

уреди

Во 2009 година, списанието СИЛ Етнолог, забележа 6909 живи човечки јазици.[3] „Жив јазик“ е оној кој е распространет и се користи како примарна форма на комуникација од страна на одредена група на живи луѓе. Точниот број на живи јазици варира од 5.000 до 10.000, во зависност од нечија прецизност за дефинирање на јазикот и особено од тоа како се делат дијалектите. Исто така има многу мртви и за разлика од мртвите, изумрени јазици.

Меѓу јазикот и дијалектот нема некоја јасна разлика и покрај славниот афоризам на јазичарот Макс Вајнрајх дека „јазикот е дијалект со војска и морнарица“. Со други зборови, разликата колку што може да се основа на политичкото размислување, толку може да се основа и на културните разлики, дистинктивните системи на пишување или степенот на заемна разбирливост.

Најверојатно е неможно да се набројат сите живи јазици, бидејќи нашето недоволно светско познавање, а и заради тоа што јазикот е „подвижна мета“, како што се објаснува подетално во воведот на Етнолог. Со новото издание, 103-те додадени јазици не се нови туку се повторно поделени како резултат на префинетоста на јазикот. Иако на широко се смета за енциклопедија, Етнолог всушност се претставува како некомплетен каталог, вклучувајќи ги само спомнатите јазици чии уредници успеале да ги запишат. Со секој нов издание, бројот на запишаните јазици расте.

Со започнување на 14-тото издание (во 2000 година), бил направен обид за вклучување на сите дотогаш познати живи јазици. СИЛ, за да ги идентификуваат јазиците користеле внатрешен код од три букви, обликуван како кодовите кај аеродромите. Ова било предвесник на современиот стандард ИСО 639-3, за којшто придонел СИЛ. Стандардот одобрува преку 14.000 јазици.

Од запишаните јазици, 497 биле забележани како скоро изумрени заради тенденцијата на нивното искористување. Според 15-то издание, 6.912 живи јазици се поделени меѓу 5,7 милијарди говорници.

Исто така, треба да се забележат некои огромни ограничувања во прецизноста на Етнолог за податоците на говорното население.

Таксономија

уреди

Поделбата на природните јазици може да се изврши врз основа на различните принципи (различни мислења за блискоста, почитувањето на разните одлики и односите помеѓу јазиците). Важни насоки за денешните поделби се:

  • Да се обрне внимание на историскиот развиток на јазиците, што резултира со генетската поделба на јазиците. Се заснова на нивната генетска поврзаност.
  • Да се обрне внимание на внатрешната структура на јазиците (граматиката), што резултира со типолошката поделба на јазиците. Се заснова на сличностите на еден или повеќе составни делови од јазичната граматика меѓу јазиците.
  • Да се почитува географската близина и контактот меѓу јазично говорните заедници, што резултира со ареалната поделба на јазиците.

Различните поделби не се поклопуваат едни со други, а и не се очекува такво нешто. Но, соодносот помеѓу нив е многу важна точка за многу јазичаричко истражувачки дела. (има паралела со поделбата на видовите кај биолошката филогенетика: моно против полифилетска поделба на видовите). Задачата на генетската поделба припаѓа на полето од историско компаративната лингвистика, а задачата на типолошката поделба на јазичаричката типологија.

Генетска поделба

уреди

Светските јазици се групирани во јазични фамилии за кои се верува дека имаат еден заеднички предок. Некои од поголемите фамилии се Индоевропска јазична фамилија, афро–азиска јазици, австронезиски јазици и сино–тибетски јазици. Причина за сличните одлики на јазиците од една фамилија може да е истиот предок. (споредено со хомологијата во биологијата)

Типолошка поделба

уреди

Примерот за типолошката поделба на јазиците е поделбата направена врз основа на редоследот во една реченица глагол, подмет, прирок. Редоследот може да биде и: ПО., ГЛ., ПР.; ПО., ПР., ГЛ. итн. (кај англискиот на пример, редоследот е ПО., ГЛ., ПР.)

Сличните одлики на јазиците од еден вид (од типолошка класа) може да има комплетно независно потекло (споредба со аналогијата во биологијата). Нивното настанување можно е да се случило заради универзалните закони кои управуваат со структурата на природните јазици – јазичните универзалии.

Ареална поделба

уреди

Следните јазични групирања може да послужат како важни јазичарички примери за ареалните јазичарички единици или на друг начин кажано Sprachbund (сојуз на јазици). Балкански јазичен сојуз, или поголема група европски јазици: Кавкаските јазици, источно азиските јазици. Иако Членовите на групите не се генетски поврзани, постои причина зошто тие јазици имаат слични одлики. Имено, нивните говорници биле во контакт долго време во склоп на едно заедничко општество, па јазиците се споиле во текот на историјата. Тоа се „ареални одлики“.

Треба да се биде внимателен кога се збори за принципите кои подлежат на поделбата на јазични групи кои очигледно имаат географско име: покрај ареалните јазичарички единици, на „таксата“ на генетската поделба (јазични фамилии) често се именуваат според географските делови.

Контролирани јазици

уреди

Конструираните, меѓународни, помошни јазици како Есперанто и Интерлингва (и оние кои имаат говорници на мајчин јазик) генерално не се сметаат за природни јазици. Проблемот е во тоа што други јазици биле користени за да се комуницира и развива по природен пат, додека Есперанто бил селективно дизајниран, од страна на Л.Л. Заменхоф, од природни јазици, кои не се развивале од природните флуктуации во речникот и синтаксата. Ниту јазикот Есперанто не бил природно „стандардизиран“ од детската природна тенденција за коригирање на нелогичните граматички структури при говорењето на родителите, што може да се забележи кај развојот на јазиците пиџин (трговски) во креолските јазици (како што е објаснето во делото на Стивен Пинкер „Јазичен инстинкт“). Можниот исклучок на ова се вистинските (мајчините) говорници на еден таков јазик. Повеќе именска основа за ова назначување е тоа што вокабуларот, граматиката и правописот на јазикот Интерлингва се природни. Тие се пропишани и претставени од јазичарички истражувачки орган, но сепак не се сметаат за производ на човекот. Повеќето експерти мислат дека Интерлингва е по naturalistic отколку природен. Латино Сине Флексионе е вториот природонаучен помошен јазик, кој има исто така природонаучна содржина, но веќе не широко распространет.

Модалност

уреди

Природниот јазик има повеќе модалитети отколку говор.

Јазикот на знаковите

уреди

Јазикот на знаковите е јазик кој го пренесува значењето со помош на визуелни, а не акустични шаблони, симултано комбинирајќи облици со дланките, ориентација и движење на дланките, рацете или телото и изрази на лицето за да се искаже мислењето на говорникот. Јазикот на знаците е природен јазик кој се развил кај заедниците со глуво населените. Тој вклучува толкувачи, пријатели и фамилии на глуви луѓе како и луѓе кои се глуви или имаат тешкотии со слухот.

Во спротивност на тоа, рачно кодираните јазици (или говорен јазик со знаци) е конструиран систем од знаци комбиниран од елементите на знаковниот јазик и говорниот јазик. На пример, „точно пишаниот англиски“ (SEE) не се развил природно кај ниту едно население, туку бил создаден од група на индивидуалци.

Пишани јазици

уреди

Пишаниот јазик, во секоја смисла, треба да се разликува од природниот јазик. До неодамна, во развиениот свет за многу луѓе беше вообичаено течно да ги зборуваат говорните или знаковните јазиците, а сепак да останат неписмени. Тоа денес е сè уште случај во сиромашните земји. Освен тоа, стекнувањето со природниот јазик за време на детството е прилично спонтано, додека писменоста мора да ја стекнеме со намера.

Наводи

уреди
  1. A. Moro, M. Tettamanti, D. Perani, C. Donati, S. F. Cappa, F. Fazio “Syntax and the brain: disentangling grammar by selective anomalies”, NeuroImage, 13, January 2001, Academic Press, Chicago, pp. 110-118
  2. Musso, M., Moro, A. , Glauche. V., Rijntjes, M., Reichenbach, J., Büchel, C., Weiller, C. “Broca’s area and the language instinct,” Nature neuroscience, 2003, vol. 6, pp. 774-781.
  3. "Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition", accessed 28 June 2007, ISBN 1-55671-159-X