Грофот од Монте Кристо

Грофот од Монте Кристо (француски: Le Comte de Monte-Cristo) — авантуристички роман од францускиот писател Александар Дима (таткото) објавен во 1844. Се смета за најпознато дело на авторот, покрај Тројцата мускетари. Како и повеќето негови романи, бил вдахнат од сижејни линии по сугестија на неговиот соработник Огист Маке.[1]

Грофот од Монте Кристо
АвторАлександар Дима
Изворен насловLe Comte de Monte-Cristo
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
ЖанрИсториски роман
авантуристички
Издадена
1844–1845 (во продолженија)

Приказната се одвива во Франција, Италија, и острови во Средоземјето, за време на историските настани во периодот 1815–1839: од времето на Бурбонската револуција до владеењето на кралот Луј-Филип. Дејството започнува непосредно пред 100. дена од враќањето на Наполеон Бонапарт од прогон на власт. Историскиот контекст е важен елемент за приказната, бидејќи низ авантурите се преплетуваат теми како надеж, правда, одмазда, и прошка. Главен лик е Едмонд Данте (грофот од Монте Кристо), човек кој е неправедно осуден на затворска казна, бега од затвор, брзо се збогатува и планира одмазда кон луѓето кои се одговорни за неговото притворање. Сепак, жртви на одмаздата станале и невини луѓе.

Грофот од Монте Кристо денес се смета за едно од најважните дела на светската литература, и според литературниот критичар Лук Сант, „меѓу најголемите цивилизациски дострели на западната литература, препознатлив исто колку Мики Маус и Црвенкапа“.[2]

Наводи

уреди
  1. Schopp, Claude, Genius of Life, p. 325
  2. Alexandre Dumas, The Count of Monte Cristo 2004, Barnes & Noble Books, New York. ISBN 978-1-59308-333-5. p. xxv (TCMC)