Гробот на Авгурите

Гробницата на Авгурите (италијански Tomba degli Àuguri) е етрурска погребна комора. Името доаѓа од погрешна интерпретација на една од фреските на десниот ѕид за која се смета дека е римски свештеник познат како аугур. Гробницата датира од околу 530-520 п.н.е. и се наоѓа во некрополата Монтероци во близина на Тарквинија, Лацио, Италија. Оваа гробница е една од првите гробници во Тарквинија во која е украсена со фигурална декорација на сите четири ѕида од нејзината главна или единствена комора. [1] Ѕидната декорација е работена во фреско техника помеѓу 530-520 п.н.е. од страна на јонски грчки сликар, кој можеби потекнувал од Фокеја, чиј стил бил поврзан со стилот на северните јонски работници активни во Елмали .Во оваа гробница, за првпат наместо митолошки теми се појавуваат прикази на погребни обреди и погребни игри.[2]

Гробот на Авгурите
Гробот на Авгурите is located in Италија
Гробот на Авгурите
Наоѓалиштето на карта на Италија
МестоТарквинија, Лацио, Италија
ОбластЕтрурија, Јужна Етрурија
ВидНекропола
Историја
Изграденo6 век п.н.е
Белешки за наоѓалиштето
РаководствоНадзорник за археолошкото наследство на Јужна Етрурија
Порталhttp://www.tarquinia-cerveteri.it/en
Тип:Културни
Критериуми:i, iii, iv
Број1158
Регион:Европа и Северна Америка.

Опис

уреди

Комората е украсена со фигуративен фриз на сите четири ѕида. Претставување на растенија и животни во сите четири фрески ги навело научниците да толкуваат дека настаните прикажани во гробницата се случуваат надвор.[1] За жал, многу од фигурите прикажани во гробот, особено оние на левиот и предниот ѕид, се изгубени бидејќи фреските се влошиле со текот на времето и од изложување на надворешни влијанија. На влезниот ѕид има фигури кои поради лошата состојба во која се наоѓаат е тешко да со сигурност да се каже кои се овие фигури и какви дејства се прикажани.

Заден ѕид

уреди

На центарот на задниот ѕид е претставена обоена врата. Научниците имаат различни мислења за тоа што означува вратата, некои сметаат дека го означува влезот од гробницата но најверојатно претставува симбилична ознака за влез во подземниот свет и се појавува како бариера помеѓу царството на живите и мртвите.[1] Двете фигури поставени странично од вратата едната рака ја држат исправено кон вратата а другата на своето чело во знак на поздрав и жалост. Научниците за овие две фигури имаат мислење дека се или аугури или дека се роднини на умрените и ги оплакуваат.[1] Второто толкување е поприфатено бидејќи името напишано на ѕидот до фигурите Апастанасар содржи корен ата што значи татко. Над вратата има лав и леопард кои заедно убиваат елен.

 </img> Двата агура од двете страни на вратата, задниот ѕид на гробницата.  </img>

Десен ѕид

уреди
 
Ферсу (левиот ѕид) трчање или танцување, Гробот на Авгурите, доцниот 6 век п.н.е., Тарквинија

Целиот десен ѕид ги прикажува погребните игри во чест на покојникот. Погребните игри биле традиција меѓу многу древни општества, што е нагласено и илустрирано од описот на Хомер во Илијадата на натпреварите организирани на погребот на Патрокле. Хомер пишувал:

„Борењето е трет настан. Многу типично, наградите се статив три котли со три нозе дадени како подарок] во вредност од 12 волови за прва награда и жена во вредност од 4 волови за губитникот“.

Оваа сцена на борење што Хомер ја опишува во Илијадата може да се види во централниот мотив на десниот ѕид. Исто така, важно е да се забележи дека етрурските погребни игри, (биле често крвави и смртни) се наследени од римјаните како претходник на спектакуларните гладијаторски игри.

На далечниот крај на ѕидот, најблиску до задниот ѕид, е прикажан маж облечен во виолетова тебена, вообичаена етрурска машка облека, чија боја претставува човек со висок социјален ранг. Човекот гледа преку неговото рамо и гестикулира кон неговите двајца придружници, две фигури со понизок раст. Еден придружник носи преклопен стол, службеното седиште на високата канцеларија на човекот, а другиот придружник е стуткан на земја со качулка што му ја покрива главата. Многу научници толкуваат дека стутканиот придружник тагува по својот господар, што ги доведува научниците да заклучат дека човекот во пурпурна облека е најверојатно покојникот кој доаѓа да ги гледа игрите на сопствениот погреб.[1]

Во центарот на десниот ѕид е прикажана погребната игра на борење во чест на починатиот. Прикажани се двајца борачи - еден помлад и еден постар - кои се борат во грчки стил (целосно голи без облека). Помладиот борач е идентификуван дека нема брада и има потенок торзо, додека постариот борач има брада, знак за напредната возраст кај мажјак и подебел горен дел од телото.[2] :38Помеѓу двајцата борачи се поставени три чинии со различни бои, кои претставуваат сребрен, бронзен и бакарен сад, кои се поставени еден врз друг и најверојатно се наградата за победникот, како што е опишано во Илијадата.

Лево од помладиот борач суди агонот (судијата) кој го следи натпреварот. Над човекот е напишан зборот Теверат кој ги доведува научниците да се запрашат дали тоа е името, занимањето или титулата на човекот. Облечен во наметка со едната рака испружена, а во другата носи литус, се приближува до мечот за борење. Две црвени птици летаат над боречкиот натпревар, детаљ што доведе до првичната погрешна интерпретација на сцената на која се прикажани два аугури, всушност се починатиот и судијата кои ги гледаат летачките птици и натпреварот. Оттука и името, Гробот на Авгурите.[2]

На најблискиот дел до влезот на десниот ѕид е последниот мотив, кој некои можеби го сметаат за доста грозоморен. Тука е прикажана погребната игра на крвопролевање, игра што се изведува за да се смири душата на покојникот. Маскираната фигура облечена во шилеста капа, долга црна лажна брада, црна или сина јакна со бели реси е прикажан со зборот ферсу напишан погоре. Етрурскиот збор phersu, што значи „маска“ или „маскиран човек“.[2] :40Научниците дебатираат дека ферсу насликан во оваа сцена е актер костимиран да имитира џелат. Се вели дека кога Римјаните го усвоиле етрурскиот обичај да користат робови и криминалци како гладијатори, прво во погребни игри и на крајот на изложби на огромни арени за пошироката јавност, еднаш гладијаторот паднал смртно ранет и лежел мирен во арената, доаѓал маскиран и костимиран маж да му зададе „милосрдие“ со чекан во челотоа потоа Чарун, етрурскиот демон ги носел мртвите во адот.[3] Од ова научниците заклучуваат дека маскираниот е всушност актер кој го имитира Чарун во гробот на Авгурите, а не мачител или џелат.

Ферсу држи јаже кое е закачено за ланец на црно куче. Кога ферсуто го влече јажето, како што е прикажано на фреската, клинец од ланецот на кучето му се зарива во вратот, збеснувајќи го животното и предизвикувајќи го да нападне врзан човек. Врзаниот маж има повеќекратни раскрвавени каснувања на нозете, вреќа врзана над главата и палка во едната рака за да се одбрани од кучето, давајќи му на крвопролевањето возбудлив аспект за гледање на етрурските гледачи. Многу научници веруваат дека овој врзан човек е криминалец веќе осуден на смрт што се користи за погребните игри.[3] (Иако ова животно вообичаено се опишува како „куче“, се чини дека според должината на неговата опашка, пропорциите на главата и канџиѕр со кои ги раскинува нозете на својот противник, го прави многу веројатно дека се работи всушност за црн леопард).

Левиот ѕид

уреди

Во центарот на овој ѕид се гледаат две фигури како се борат а десно од нив се гледа уште една ферсу. Движењето на ферсу се дебатира, некои го толкуваат ферсуто, кој носи само црвена туника танцува соло опкружен со природа, додека други ги коментираат двете фигури лево од ѕидот. Една фигура може да се толкува како аулета, музичар кој свири на аулос.[4] Другата, забележуваат научниците, ги покажува само нозете на фигурата. Нозете на изгубената фигура се со иста нијанса како и другите спортисти и се во иста положба како и ферсуовите на другиот крај од ѕидот. Научниците ја толкуваат оваа сцена како ферсуто што го гони противникот во некаква погребна игра.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 A History of Roman Art, Enhanced Edition, Wadsworth CENGAGE Learning, Boston, 2010
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 The Great Centuries of Painting: Etruscan Painting, Second Edition, The World Publishing Company, Cleveland, 1952
  3. 3,0 3,1 Xanthippos, Funeral Games in the Tomb of the Augurs, 2011
  4. „Tomb of the Augurs - 3D model“. Europeana. Посетено на 2015-11-06.