Григор Војнов, познат и како Григориос Вајнас (Γρηγόριος Βαϊνάς) e андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Григор Војнов
Роден ?
Сребрени, Леринско
Починал 1970
 ?

Животопис

уреди

Григор Војнов е роден во леринското село Сребрено (Сребрени), денес Аспрогија, Грција. Во 1899 година станал ајдут во четата на Вангел Георгиев.

Од страна на Павлос Мелас бил придобиен на грчка страна, а по смрта на Мелас се нашол во четата на Лакис Пирзас. Подоцна екипирал сопствена чета и со неа дејствувал во Леринско зедно со Стефанос Дукас (Малиос), Константинос Кутас од Месолово и Георгиос Цондос.

Во 1907 година е уапсен по судирот кај Лехово и бил затворен во Битола. Бил ослободен по Младотурската револуција.

Григор Војнов умрел во 1970 година. Неговиот покоп бил удостоен со државни и воени почести [1][2].

Извори

уреди
  1. Οικονόμου, Π. Καπετάν Γρηγόρης Βαγενάς ή Αγραφιώτης, Μακεδονική ζωή, τεύχος 57, 1971, σσ. 37-39
  2. Κολιόπουλος, Ιωάννης Σ. (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σ. 164.