Греј (единица)
Греј (симб. Gy, Гр) е изведена SI-единица за впиена доза на јонизирачко зрачење (на пр. X-зраци) и се дефинира впиената доза во тело со маса од 1 килограм во кое со јонизирачко зрачење е внесена енергија од 1 џул.[1]
Единицата е наречена по англискиот физичар Луис Харолд Греј (1905-1965) и ја заменува традиционалната СГС единица рад (еднаква на 0,01 Gy), која во честа индустриска употреба во САД и покрај усилбите на националниот орган за станрадризација NIST.[2]
Дефиниција
уредиЕден греј е еднаков на апсорпцијата на еден џул енергија во облик на јонизирачко зрачење, поделен со еден килограм материја.
Кај рендгенските и гама-зраците, ова се исти единици како сивертот (Sv). За да се избегне секаков ризик од забуна помеѓу впиената доза (од материја) и еквивалентната доза (од биолошко ткиво), потребно е да се користат соодветните псоебни единици, „греј“ и „сиверт“ наместо општо „џул по килограм“.
Рендген
уредиЕдиницата рендген се дефинира како изложеност на зрачење еднакво на количината на јонизирачкото зрачење што ќе создаде полнеж од еден франклин (esu) во еден кубен сантиметар сув воздух при температура од 0 °C и стандардна атмосфера. Договорно, еден рендген е еднаков на 0,258 mC/kg (со вообичаена густина на воздухот од 1,293 кг/м3). Со енергија на јонизација на воздухот од 35 J/C, добиваме 1 Gy ≈ 111 R.
Поврзано
уреди- Бекерел - единица за радиоактивност
- Рад (единица)
- Рендген (единица)
- Сиверт - изведена SI-единица за дозен еквивалент на зрачење
Наводи
уреди- ↑ „греј“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ „NIST - Водич за единиците од SI - Единици привремено прифатени за употреба со единиците на SI“. (англиски)