Грб на Општина Кочани

(Пренасочено од Грб на општина Кочани)

Грбот на Општина Кочани е официјалниот грб на општината. Грбот е составен од голем црвен штит на кој во горниот дел има хоризонтално поставени оризови класја во жолта боја. Во средината има жолт помал штит на кој има приказ на оризови класја во црвена боја. Автор на грбот е Стојанче Величковски, член на Македонското хералдичко здружение.

Грб на Општина Кочани
Подробно
Усвоен29 јануари 2010 г.
Штитцрвен штит

На главата на грбот е аплицирана посебната симболика за Кочани - геотермален извор и оризово класје.[1]

Поранешни грбови

уреди
 
Стариот грб на Општина Кочани

Грбот на Општина Кочани е дело на кочанскиот сликар Драги Тасевски - Јелда. Тој симболизира штит со сина основа на која е насликана оризова жетварка, облечена во стилизирана македонска народна носија, која над главата држи сноп оризови класје. Жената стои во канал полн со вода, на кој со кирилско писмо е испишано името на Кочани. Каналот го симболизира хидросистемот Брегалница, а зад жетвараката е сончевата полутопка која осветлува средновековна кула, како еден од препознатливите симболи на Кочани. На долниот дел од штитот е претставен дел од запченик, што ја симболизира металската индустрија во градот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Симболи на Општината“. Општина Кочани (англиски). Посетено на 2021-05-28.