Грб на Сан Марино
Грбот на Сан Марино е официјалниот грб во оваа мала република. Грбот најверојатно потекнува од 14 век и се смета за симбол на слободата и независноста на оваа најстара република во светот. Грбот се состои од штит опколен со гранче даб и ловор. На штитот е претставена планина со трите познати санмарински кули. Над штитот се наоѓа круна а на дното се наоѓа лента со натпис слобода на латински.
Грб на Сан Марино | |
---|---|
Подробно | |
Грбоносец | Република Сан Марино |
Усвоен | 14 век |
Мото | Libertas, латински за "слобода." |