Грб на Општина Другово

Грбот на Општина Другово бил официјалниот грб на оваа македонска општина. Грбот бил усвоен во 1997 година и бил изработен врз основа на симбол кој се наоѓа во манастирот „Света Богородица Пречиста“. Грбот бил во употреба до 2013.

Грб на Општина Другово
Подробно
Усвоен1997
Штитзелено-син штит со златни граници
Мото„Другово“

Опис

уреди

Грбот на Општина Другово ја претставува Општината Другово и го симболизира шеснаесеткракото сонце, Ѕвездата од Кутлеш која се наоѓа на влезот на манастирот Св. Пречиста – Богородица на гробот на игумен Доситеј кој е упокоен во 1875 година. Симболот на сонцето е поставен на штит, којшто е поделен на два дела каде што сината боја го симболизира небото, а црната основа ја симболизира македонската земја. Штитот е обложен со жолта златна лента што означува вечност. Грбот го означува изгревот на сонцето којшто означува нов ден и нова иднина за нашата општина. Под штитот стои на златно жолта основа името на Општина Другово напишано со црвени букви. Идејното решение на оваа верзија на грбот на Општина Другово е изработено во 1997 година кога е формирана за првпат Општина Другово.[1]

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди