Граховско Езеро
Граховско Езеро (црногорски: Граховско језеро) ― езеро во Општина Никшиќ, во близина на градот Грахово во југозападна Црна Гора.
Граховско Езеро | |
---|---|
Подрачје | Грахово |
Координати | 42°40′15″N 18°37′48″E / 42.67083° СГШ; 18.63000° ИГД |
Сливни земји | Црна Гора |
Најг. должина | 0.7 км |
Најг. ширина | 0.2 км |
Најг. длабочина | 25 м |
Надм. височина | 788 м |
Тоа е вештачко езеро кое е акумулација на Граховска Река. Дното на езерото е главно на база на доломит . Самото езеро е долго 700 метри, широко 200 метри и длабоко 25 метри.[1] Браната е висока 30 метри, а широка три метри. Езерото е значаен воден резервоар кој е користен за земјоделското производство на Грахово, но е користен и за спорт и рекреација.[2] Изградбата на браната е започната во 1952 година, завршена во 1962 година, додека во 1988 година е подложена на преизградба.
Изворот на езерото е во областа Шеврљуга.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Turistička organizacija Nikšić - atrakcije“. Архивирано од изворникот на 2021-04-13. Посетено на 2023-08-06.
- ↑ Grahovo - Dinarsko gorje
- ↑ Vujačić 1990.
Книжевност
уредиVujačić, Marko (1990). Crnogorski i Hercegovački Junaci.