Гран Пахатен
Гран Пахатен (шпански: Gran Pajatén) е археолошко наоѓалиште кое се наоѓа во шумските предели на Перу, поточно на границата на регионите Ла Либертад и Сан Мартин. Наоѓалиштето лежи помеѓу реките Марањон и Хуалага и е дел од Националниот парк Рио Абисео, кој е основан во 1983 година[1]. Сè со цел да се заштитат рушевините, наоѓалиштето не е отворено за посетители.
Гран Пахатен се наоѓа на врв на еден рид и е составен од 26 округли камени структури поставени на различен број тераси и скали. Рушевините зафаќаат површина од 20.000 м2. Главните згради се украсени со мозаици, кои пак се составени од човекови, животински и геометриски мотиви. Според радиојаглеродната анализа на керамиката која била пронајдена во наоѓалиштето, се утврдило дека местото било населено уште од 200 г.п.н.е. но главните структури потекнувале од периодот на Тавантинсују. Според основниот архитектонски стил, се верува дека наоѓалиштето е изградено од културата Чачапоја.
Наводи
уреди- ↑ „Loving it to Death: The Gran Pajatén Predicament“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-02-26. Посетено на 2011-06-09.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Истражување за Пахатен за тешкотиите за зачувување на природните и културните ресурси Архивирано на 26 февруари 2007 г.
- УНЕСКО: Рио Абисео
- Арехологија Чачапоја Архивирано на 25 август 2005 г.
- Етнографија и археологија на Чачапоја Архивирано на 6 март 2009 г.
Оваа статија поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |