Грамади (Долно Ѓуѓанци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Грамади

Карта

Местоположба 41°46′54″N 21°59′44″E / 41.78167° СГШ; 21.99556° ИГД / 41.78167; 21.99556
Основни податоци
Место Долно Ѓуѓанци
Општина Свети Николе
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Грамади — населба со некропола од римското време и старохристијанска базилика. Се наоѓа на 14 км северно од Св. Николе, околу 200 м десно од асфалтниот пат Св. Николе-Куманово на тромеѓата на селата Долно и Горно Ѓуѓанци и Павлешенци, односно 3,5 км северозападно од Долно Ѓуѓанци. Претставува блага падина со позиција исток-запад, на која во разораните ниви има многу фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и градежен материјал од поголема населба. Бил откриен еден гроб со конструкција од тегули, во кој имало монети што не се зачувани, како и една вотивна плоча од мермер со релјефна претстава на богот Митра, со димензии од 32 × 24. На западниот крај од наоѓалиштето се гледаат делови од темели на трикорабна базилика, раскопани од мештаните, и тоа од нартексот и централниот кораб. Врз источната страна на базиликата е поставен стариот макадамски пат Св. Николе-Куманово. Од неа, во 1968 година, се извадени плочата од чесната трпеза и база од столб, из- работени од сивозелен камен, и се однесени во Музејот во Штип. Местото на базиликата е познато уште и под имињата Црквиште и Мечев (Црн) Брест[1].

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069