Градски окрузи во Данска

Градски округ (дански: bydel ; буквално. „градски дел“) ― името што е користено за градски или општински окрузи во некои од поголемите општини во Данска. Поимот не е строго дефиниран, но обично е поголем од четврт или градски блок.

Административни окрузи во Општина Копенхаген во 2007 година.

Окрузи во Копенхаген

уреди

Во Копенхаген има 10 градски окрузи, секој со месен градски совет (дански: lokaludvalg). Окрузите се Индре Би, Вестербро/Конгенс Енгхеув, Неребро, Естербро, Амагер Ест, Амагер Вест, Валби, Биспебјерг, Ванлесе и Бренсхеј-Хусум.

Вестербро и Конгенс Енгхеув имаат посебни месни совети, а Индре Би има и месен совет во Кристијансхавн, така што има 12 месни градски совети.[1][2]

Области на Ахус

уреди

Орхус е поделен на неколку окрузи и предградија со сопствен поштенски број (дански: postdistrikter).

Окрузи внатре во вториот градски појас:

  • Орхус Ц
  • Орхус Н
  • Орхус В
  • Орхус С
  • Обихеј
  • Виби
  • Брабранд

Наводи

уреди
  1. „Kommunestyrelseslovens § 65“ (дански). Посетено на 6 мај 2023.
  2. „Københavns Kommune: Bydele“ (дански). kk.dk. Архивирано од изворникот на 4 септември 2013. Посетено на 6 мај 2023.