Список на градови во Кипар

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Градови во Кипар)

Кипар спаѓа во многу урбанизираните земји на Јужна Европа. Најголем дел од населението живее во пошироката градска зона на трите големи кипарски градови - Никозија, Лимасол и Ларнака.

Мапа на Кипар со означени населби и агломерации
Поделената главна улица Ледра како слика за поделената Никозија - контролен пункт

Градови во грчкиот и турскиот дел на Кипар

уреди

Посебна тешкотија во распределбата на градовите на Кипар е поделеноста на осторовот на јужен, грчки и северен, турски дел, односно на меѓународно признатата Република Кипар и на меѓународно непризнатата Турска Република Северен Кипар. Во врска со тоа има различни пописи во двата дела на островот, различно третирање на градовите и предградијата, а главниот град на државата, Никозија, живее како два сосема одвоени градови.

Градови и предградија

уреди

На Кипар статус на град имаат и поголемите предградија на важните градови, што ги има многу со оглед на тоа што градовите како Никозија, Лимасол или Ларнака не ги проширувале своите граници со растот на населението во текот на изминатите децении. Поголемите предградија спаѓаат во најголемите населби во државата и тие се поголеми од многу градови во зафрлените делови на Кипар.

Назив

уреди

Во грчкиот јазик градот се нарекува полис или поли (грч. Πόλη), додека во турскиот јазик градот се нарекува Шехир (тур. Şehir}}). Најголемиот дел од турските имиња на градовите биле воведени во 1958 година.[1]

Попис на градовите со преку 5 илјади жители

уреди
 
Лимасол - крајбрежјето
 
Пафос
 
Амохостос - разруешни хотели од времето на окупацијата
 
Керинеа - старото пристаниште
  • Со задебелени букви се наведени градовите кои имаат официјален статус
  • Со закосени букви се наведени предградијата
  • Со ознаките ТУР и ГРЧ е направена разлика меѓу градовите во грчкиот и турскиот дел на државата
  • Окрузите се дадени според државното уредување на Република Кипар
Бр. Дел на
Кипар
Назив Грчки
назив
Турски
назив
Попис
2001.
Проценка
2005.
Округ
1. ГРЧ / ТУР Никозија Λευκωσία Lefkoşa ... 97.467 Никозија
2. ГРЧ Лимасол Λεμεσός Limasol 94.250 92.210 Лимасол
3. ГРЧ Строволос Στρόβολος 58.525 59.483 Никозија
4. ГРЧ Ларнака Λάρνακα 46.666 46.393 Ларнака
5. ТУР Амохостос Αμμόχωστος Gazimağusa ... 36.867 Амохостос
6. ГРЧ Лакатамија Λακαταμια 28.477 28.943 Никозија
7. ГРЧ Пафос Πάφος Baf 26.530 27.660 Пафос
8. ТУР Керинеа Κερύνεια Girne ... 19.701 Керинеа
9. ГРЧ Агланција Αγλαντζιά 18.953 19.263 Никозија
10. ГРЧ Полемидија Κάτω Πολεμίδια 18.452 18.754 Лимасол
11. ТУР Морфу Μόρφου Güzelyurt ... 14.672 Никозија
12. ГРЧ Енгоми Έγκωμη 13.644 13.867 Никозија
13. ГРЧ Меса Гитонија Μέσα Γειτονιά 13.565 13.787 Лимасол
14. ГРЧ Лација Λατσιά Laçça 12.195 12.395 Никозија
15. ГРЧ Ајос Дометиос Άγιος Δομέτιος 12.125 12.323 Никозија
16. ГРЧ Арадипу Αραδίππου 11.448 11.635 Ларнака
17. ГРЧ Паралимни Παραλίμνι 11.091 11.273 Амохостос
18. ГРЧ Ајос Атанасиос Άγιος Αθανάσιος 9.173 9.323 Лимасол
19. ГРЧ Гермасогија Γερμασόγεια 8.535 8.672 Лимасол
20. ТУР Лефка Λεύκα Lefke ... 8.446 Никозија
21. ГРЧ Гери Γέρι 6.443 7.639 Никозија
22. ГРЧ Ипсонас Ύψωνας 6.435 7.348 Лимасол
23. ГРЧ Дали Δαλι 5.834 6.085 Никозија
24. ГРЧ Героскипу Γεροσκήπου 5.509 5.769 Пафос
25. ГРЧ Цери Τσέρι 5.287 5.498 Никозија
26. ГРЧ Ливадија Λιβάδια 4.883 5.329 Ларнака
27. ГРЧ Дромолаксија Δρομολαξιά 4.994 5.240 Ларнака
28. ТУР Лапитос Λάπηθος Lapta ... 5.215 Керинеа
29. ТУР Ризокарпасо Ριζοκάρπασο Dipkarpaz ... 5.214 Амохостос
30. ГРЧ Ксилофагу Ξυλοφάγου 4.957 5.198 Ларнака
31. ГРЧ Деринеја Δερύνεια 4.954 5.161 Амохостос

Значајни градски подрачја

уреди

Најголемите градски подрачја на Кипар се поврзани за четирите големи градови во грчкиот дел на државата. Во нив живее 70% од населението во овој дел од државата. Тоа се:

  • Голема Никозија - 236.000 (2009 г.)
  • Голем Лимасол - 187.000 (2009 г.)
  • Голема Ларнака - 84.000 (2009 г.)
  • Голем Пафос - 57.000 (2009 г.)

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Baysal, Besim. "Unending "Turkism" Attack on Settlement Areas". KTOS. Retrieved 30 March 2011.