Градина Ерам
Градина Ерам (персиски: باغ ارم, персиски: - Баг-е Ерам) е историска персиска градина во градот Шираз Иран. Градината и зградата во неа се наоѓаат на северниот брег на реката Хошк, во провинцијата Фарс.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Навод | 1372 |
Историја
уредиГрадината и зградата биле изградени во средината на тринаесеттиот век од страна на Илханат, највисокиот началник на кашкајско племето Парс. Првобитниот изглед на градината, со својата карактеристична персиска структура од четири рајски градини, најверојатно бил поставен во единаесеттиот век од страна на Селџуците и подоцна означена како „Баг-е Шах“ (Кралската градина на персиски) и тогаш била поедноставна и помалку орнаменталена. [1] Корнелиус де Бруин, патник од Холандија, напишал опис на градините во осумнаесеттиот век.
Во текот на 150 години, структурата на Градината била модифицирана, обновувана и стилски менувана од различни учесници. Градината била еден од имотите во сопственост на благородничкото семејството Кавами од Шираз. Зградата гледа на југ по подолгата оска. Нејзе ја дизајнирал локалниот архитект Хаџи Мохамад Хасан. Зградата се состои од 32 соби сместени на два ката, украсени со плочки на кои се испишани стихови на познатиот ирански поет Хафез. Зградата била реновирана за време на владеењето на династиите Занд и Каџар.
Денес, градината Ерам и зградите се дел од ботаничката градина Шираз (основана во 1983 година) од Универзитетот во Шираз. Градината и зградата се отворени за јавноста, како историски културен споменик. Тие се дел од светското наследство и се заштитени од Организацијата за културно наследство на Иран .
Наводи
уредиЛитература
уреди- Hobhouse, Penelope; Hunningher, Erica; Harpur, Jerry (2004). Gardens of Persia. Kales Press. стр. 126.CS1-одржување: ref=harv (link)