Градината на доктор Гаше во Овер

Градината на д-р Гаше во Овер и Маргерит Гаше во градинатаслики од Винсент ван Гог насликани во 1890 година во градините на неговиот хомеопатски лекар, д-р Пол Гаше. Двете слики се наоѓаат во Музејот Орсе.

Градината на доктор Гаше во Овер
Творец Винсент ван Гог
Година 1890
Место Музеј Орсе, Париз (F755)
Маргерит Гаше во градината
Творец Винсент ван Гог
Година 1890
Место Музеј Орсе, Париз (F756)

Заднина

уреди

По едногодишен престој во душевната болница во Сен Реми, Ван Гог ја напуштил болницата во мај 1890 година и отишол во Париз[1] каде три дена престојувал со брат му Тео, сопругата на Тео, Јохана и нивното ново бебе Винсент. Оттаму отишол во Овер-сир-Оаз.[2] Ван Гог го напуштил Сен Реми за да оди во Овер, да биде во близина на својот брат, но далеку од градската врева.[1]

Доктор Гаше

уреди

Додека Ван Гог бил во Сен Реми, неговиот брат Тео и уметникот Камиј Писаро сковале план Ван Гог да оди во Овер-сир-Оаз со писмо за д-р Пол Гаше[1] хомеопатски лекар и покровител на уметноста. кој живеел во Овер.[3][4] Планот предвидувал тој да престојува во блиската гостилница, Оберж Раву, и да биде под лекарски надзор.[2]

Ван Гог развил близок однос со докторот кого го опишал како „нешто како друг брат“.[2] Сепак, од првиот состанок, Ван Гог почувствувал дека д-р Гаше можеби бил исто толку болен како него. Во писмото од 20 мај 1890 година, Ван Гог напишал: „Го видов доктор Гаше, кој ми остави впечаток дека е прилично ексцентричен, но неговото искуство како лекар мора да го одржува урамнотежен додека се бори со нервните проблеми од кои тој сигурно ми се чини дека страда барем толку сериозно како мене“.[5]

Градини

уреди

Ван Гог нашол уживање во градините - од градината на неговиот татко во Холандија, градината што ја создал на неговиот изнајмен имот во Лондон кога бил трговец со уметнички дела, до многуте слики што ги направил со цвеќиња и други градини. Кога го вклучил импресионизмот во својата работа, неговиот интерес за градините е прикажано во градините на болницата во Арл, душевната болница Сен Реми и градините на Шарл Добињи и д-р Пол Гаше во Овер.[6]

Ван Гог му напишал многу писма на својот брат Тео и на сестра му Вилемина за идеите за градинарство, складноста на боите и придобивките од работата во градината. Најпознат е по неговите слики на сончогледи, тој исто така сликал црвени булки, треви, перуники и други градинарски растенија. Боите на сликите укажуваат на неговото расположение. Кога бил душевно потиснат, тој сликал „духови со бела качулка“, кога бил во добро расположение користел светли бои, како што се живописните розови зокуми. За време на внатрешни превирања, „темнозелени шпицови како чемпреси кои се грчат од енергија и згрчени маслинови дрвја со сребрени лисја.[6]

Својата сестра Вил, Ван Гог ја советувал да ја обработува сопствената градина, како Кандид на Волтер, за да најде радост и смисла во животот.[7]

Слики

уреди

Сју Ро, авторка на Приватните животи на импресионистите, за градината на д-р Гаше напишала:

„Куќата на д-р Гаше беше поставена на ридот над главната улица [на селото], со терасовидна градина полна со цвеќиња и со поглед во долината на Оаз. Куќата и градината секогаш беа полни со мачки скитници, кокошки и парталав, безпердувест петел... Во градината, тој [д-р Гаше] работеше на маса обоена во светлопортокалова (подоцна овековечена од Ван Гог, во неговиот Портрет на д-р Гаше).[8]

Куќата и градините на д-р Пол Гаше, била отворена за јавноста во 2004 година.[9]

Градината на доктор Гаше во Овер

уреди

Ван Гог многу брзо по пристигнувањето во Овер станал пријател со Гаше. Бил поканет да го посети неговиот дом кога што сака. Ван Гог се надевал дека ќе ја слика градината на Гаше, можеби еден или два дена во неделата.[10]

Маргерит Гаше во градината

уреди

Кон крајот на јуни, Ван Гог напишал за неговиот интерес да ја наслика Маргерит Гаше, можеби во поза на селска девојка.[11] Неколку дена подоцна напишал дека ја насликал во розов фустан како свири на пијано,[12] и претходниот ден таа позирала за оваа градинарска слика.[6] Во Маргерит Гаше во градинат, Маргерит е облечена во бело, „како невеста“. Градината на бели рози и светлолимонови невени. Во Овер се шпекулирало дека Ван Гог ја сметал Маргерит за пријателка и дека таа сака врска со него.[6]

Меѓутоа, д-р Гаше не дал дозвола ќерка му да позира и кога дознал за двете позирања во две последователни ноќи, бил прилично загрижен за врската што би можеле да ја делат.[13] Доктор Гаше го замолил Ван Гог да ја прекине врската со Маргерит.

Дерек Фел, автор на Жените на Ван Гог: Љубовните работи на Винсент и патувањето во лудило, сугерира дека Ван Гог можеби се грижел повеќе отколку што мислел и дека барем делумно бил причината што пукал во себеси. Во писмото до Тео ван Гог ја изразил својата тага и разочарување поради тоа што нема долгорочна сопатничка, „Таа желба [за брак] ме напушти, иако менталното страдање од неа останува“.

Имало и други грижи кои го погодиле Ван Гог во тоа време: болеста на бебето на Тео, проблемите со здравјето и вработувањето на Тео, можното губење на поддршката на Тео и уништување на неговиот однос со д-р Гаше, кој требало да се грижи за здравјето на Ван Гог и да има стабилизирачко влијание.[1][2]

Потекло

уреди

Двете „градинарски слики“ биле дел од збирката на д-р Гаше сè до 1954 година, кога ѝ биле подарени на државата и распределени во музејот Лувр, галеријата Же де Пом.[14] Во галеријата Же де Пом,[14] или Музеј на импресионизмот[15] сликите останале од 1954 до 1986 година.[14] Во 1986 година музејот се затворил поради лошите услови и неговите збирки биле префрлени во новиот Музеј Орсе.[15] Од 1986 година сликите се во Музејот Орсе.[14]

Други слики на Гашетови

уреди

Гаше и неговата ќерка биле тема и на други слики на Ван Гог.[2]

Последните месеци на Винсент ван Гог

уреди

Извесно време, изгледало дека Ван Гог се подобрил. Почнал да слика со толку стабилно темпо, така што во неговата соба едвај имало простор за сите готови слики.[1] Од мај до неговата смрт на 29 јули, Ван Гог насликал околу 70 слики, повеќе од една дневно, и многу цртежи.[3] Ван Гог сликал градби околу градот Овер, како што се Црквата во Овер, портрети и блиските полиња.[2]

Од Валас,[1] „Но, и покрај сета негова обновена благосостојба, неговиот живот беше многу блиску до својот крај“. Болеста го погодила бебето на Тео, Винсент. Тео имал и здравствени и работни проблеми. Размислувал да го напушти работодавецот и да започне сопствен бизнис. Гаше, за кој се вели дека имал свои ексцентричности и невроза, предизвикал загриженост на Ван Гог на која тој се запрашал: „Сега, кога еден слеп човек води друг слепец, зарем и двајцата не завршуваат в ров?“.[1][2]

По посетата на Париз на семејна средба, Ван Гог се вратил во Овер помрачен. Во писмото тој напишал: „И изгледите стануваат помрачни, воопшто не гледам иднина“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Wallace, R (1969). The World of Van Gogh (1853—1890). Alexandria, VA, USA: Time-Life Books. стр. 162–163.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Leeuw, R (1997) [1996]. The Letters of Vincent van Gogh. London and other locations: Penguin Group. стр. 488, 490, 491. ISBN 9780140446746.
  3. 3,0 3,1 „Girl in White, 1890“. The Collection. National Gallery of Art. 2011. Архивирано од изворникот на May 28, 2010. Посетено на March 21, 2011.
  4. Strieter, T (1999). Nineteenth-Century European Art: A Topical Dictionary. Westport: Greenwood Press. стр. 17. ISBN 0-313-29898-X.
  5. Harrison, R, уред. (2011). „Letter from Vincent van Gogh to Theo van Gogh, Auvers-sur-Oise, 20 May 1890“. Van Gogh Letters. WebExhibits. Посетено на 2011-04-24.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Fell, Derek (2001). Van Gogh's Gardens. United Kingdom: Simon & Schuster. стр. 14. ISBN 0-7432-0233-3.
  7. Mancoff, D (1999). Van Gogh: Fields and Flowers. San Francisco: Chronicle Books. стр. 23, 28. ISBN 0-8118-2569-8.
  8. Roe, Sue (2007). The Private Lives of the Impressionists. New York: HarperCollins Publishers. стр. 109. ISBN 978-0-06-054558-1.
  9. Fodors (2010). Fischer, R; Klein, R (уред.). Fodor's France 2010. New York and Toronto: Random House. стр. 176. ISBN 978-1-4000-0848-3.
  10. Lubin, A (1996) [1972]. Stranger on the Earth: A Psychological Biography of Vincent van Gogh. New York: Da Capo Press. стр. 228. ISBN 0-306-80726-2.
  11. „Letter from Vincent van Gogh to Theo van Gogh Auvers-sur-Oise, 24 or 25 June 1890“. Посетено на 2011-04-24.
  12. „Letter from Vincent van Gogh to Theo van Gogh, Auvers-sur-Oise, 28 June 1890“. Посетено на 2011-04-24.
  13. Fell, Derek (2005) [2004]. Van Gogh's Women: Vincent's Love Affairs and Journey Into Madness. New York: Carroll and Graf Publishers. стр. 228. ISBN 0-7432-0233-3.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 „Full collection index“. Collections. Musée d’Orsay. Посетено на 2011-04-24.
  15. 15,0 15,1 „The inauguration of the Jeu de Paume“. History of the Louvre. Louvre Museum. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на 2011-04-24.

Надворешни врски

уреди