Гоја во Бордо (филм)

филм

„Гоја во Бордо“ (шпански: Goya en Burdeos) е филм од 1999 година, режиран од Карлос Саура (Carlos Saura) a снимен од Виторио Стораро (Vittorio Storaro). Филмот има добиено 12 награди, меѓу кои Европска филмска награда (кинематографија), пет шпански филмски награди „Гоја“, меѓу кои за најдобар глумец и кинематографија и награда од фестивалот во Монтреал.[1].

Синопсис

уреди

Франциско Гоја е во доброволен егзил во Бордо, како протест против апсолутизмот во Шпанија. Во последните денови од неговиот живот, во придружба на неговата последна жена Леосаида и ќерката Росарио, тој се присеќа на изминатиот живот. Режисерот Карлос Саура и снимателот Виторио Сторато ги раскажуваат приказните обидувајќи се да го вметнат сликарството на Гоја во секој кадар.

Наводи

уреди