Гоце Димовскимакедонски режисер, поет и сценарист.

Животопис

уреди

Гоце Димовски е роден во Битола на 16 јуни 1970 година. Дипломиран филмски и ТВ Режисер. Завршил филмска академија во Софија, на универзитетот NBU на катедрата за филмска и ТВ Режија. Автор е на збирки поезија,раскази, филмски сценарија за кратки и документарни филмови, како и на сценарио за долгометражен игран филм, насловено "Ван Гог". Со филмот "Трендафил и кунатка" учествувал на еден од најголемите европски фестивали за документарен филм Cinema du reel во Париз - Франција. Негово последно остварување во областа на кинематографијата е краткиот игран филм "Вишновата градина" авторски проект, работен по мотиви на Антон Павлович Чехов, во ко-продукција на Молика филм од Скопје, Axel Cinema од Париз, Cinemaq од Софија и Muving Pictures од Белград. Член на друштвото на писателите на Македонија од 1998 година.