Горица (планина)
Горица — мала планина во Полошката Котлина. Всушност таа е дел од големата планина Сува Гора. Но сепак таа е од големо ѕначење за околните места. Висока е 650 м и е лев крак на Сува Гора. Карактеристична е по дабовата шума, која во последните години со координација на Министерството за шумарство, водостопанство и просторно планирање, планирано се сече. Сечата се врши од страната на Радиовце и Теново. Населени места кои гравитираат кон оваа планина се Теново, Радиовце и Блаце. Покрај самата планина тече реката Вардар. Оваа планина спаѓа во групата на стари грамадни планини и нема сопствени извори. Од археолошки аспект ѕначајна е по наодите во селото Блаце и по сомнежите дека на страната од село Радиовце се наоѓаат темели на стара црква. Богата е и по дивеч и лековити билки. На нејѕиниот врв се наоѓаат предаватечи на македонските телевизии, мобилни и интернет оператори, кои се насочени кон Гостивар. Најпознато место е Лединче кое служи на православното население од селото Радиовце за палење на василичарскиот оган.