Гордон Лајтфут

канадски кантавтор (1938–2023)

Гордон Мередит Лајтфут Помладиот (англ. Gordon Meredith Lightfoot Jr.; 17 ноември 1938 - 1 мај 2023) ― канадски кантавтор и гитарист кој забележал меѓународен успех во фолк, фолк-рок и кантри-музиката. Помогнал во дефинирањето на фолк-поп звукот од 1960-тите и 1970-тите[1] и се смета за најистакнат канадски текстописец.[2] Објавил неколку златни и мулти-платинести албуми[3] и песни, препеани од некои од најреномираните светски музички уметници.[4] Биографот на Лајтфут, Николас Џенингс, рекол: „Неговото име е синоним за безвременски песни за возови и бродоломи, реки и автопати, љубов и осаменост“.[5]

Гордон Лајтфут
Лајтфут настапува во Интерлохен, Мичиген, во 2009 година
Животописни податоци
Родено имеГордон Мередит Лајтфут Помладиот
Роден(а)17 ноември 1938(1938-11-17)
Орилија, Онтарио, Канада
Починал(а)1 мај 2023(2023-05-01) (возр. 84)
Торонто, Онтарио, Канада
Жанрови
Занимања
  • Кантавтор
  • гитарист
Инструменти
  • Глас
  • гитара
  • пијано
  • удирачки инструменти
Период на активност1958–2023
Издавачи

Лајтфут бил роден на 17 ноември 1938 година во Орилија, Онтарио[6][7] и имал шкотско потекло.[8] Во 1958 година се преселил во Лос Анџелес за да студира џез-композиција и оркестрација на музичкиот колеџ „Вестлејк“.[9] Некои од неговите најпознати песни се: „Ribbon of Darkness“ (1965),[10] „Early Morning Rain“ (1966), „If You Could Read My Mind“ (1970), „Sundown“ (1974); „Carefree Highway“ (1974), „Rainy Day People“ (1975) и „The Wreck of The Edmund Fitzgerald “ (1976).[11]

Роби Робертсон од канадската рок-група The Band го опишал Лајтфут како „национално богатство“.[12] Боб Дилан, кој исто така бил обожавател на Лајтфут, го сметал за еден од неговите омилени текстописци и рекол: „Не можам да се сетам на песна од Гордон Лајтфут што не ми се допаѓа. Секогаш кога слушам негова песна, некако посакувам да трае вечно...“.[13] Лајтфут бил истакнат музички изведувач на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри 1988 година во Калгари.

Како поединец, освен разните награди поврзани со неговите албуми и синглови, Гордон Лајтфут добил шеснаесет награди „Џуно“, ASCAP награди за пишување песни во 1971, 1974, 1976 и 1977 година и бил номиниран за пет Греми-награди. Во 1980 година бил прогласен за канадски пејач на деценијата, за неговата работа во текот на 1970-тите.[14] Лајтфут бил примен во Куќата на славата на канадската музика во 1986 година[14] и во Куќата на славата на канадската кантри-музика во 2001 година. Бил примен на Канадскиот булевар на славните во 1998 година. Во мај 2003 година бил прогласен за придружник на Редот од Канада.[14] Лајтфут бил член на Редот на Онтарио, највисока чест на регионот Онтарио. На 24 јуни 2012 година, Лајтфут бил примен во Куќата на славата на текстописците.[4][15][16]

Лајтфут починал на 1 мај 2023 година од природна смрт во Торонто, на 84-годишна возраст.[17]


Дискографија

уреди
  • Lightfoot! (1966)
  • The Way I Feel (1967)
  • Did She Mention My Name? (1968)
  • Back Here on Earth (1968)
  • Sit Down Young Stranger (aka If You Could Read My Mind) (1970)
  • Summer Side of Life (1971)
  • Don Quixote (1972)
  • Old Dan's Records (1972)
  • Sundown (1974)
  • Cold on the Shoulder (1975)
  • Summertime Dream (1976)
  • Endless Wire (1978)
  • Dream Street Rose (1980)
  • Shadows (1982)
  • Salute (1983)
  • East of Midnight (1986)
  • Waiting for You (1993)
  • A Painter Passing Through (1998)
  • Harmony (2004)
  • Solo (2020)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Gordon Lightfoot to join U.S. Songwriters Hall of Fame“. CBC News. February 21, 2012. Архивирано од изворникот на October 23, 2016.
  2. Mayes, Alison (December 1, 2011). „If you could read his mind“. Winnipeg Free Press. Архивирано од изворникот на April 23, 2023. Посетено на December 26, 2011.
  3. Kerns, William (August 13, 2010). „Gordon Lightfoot says his music has improved over lengthy career“. Lubbock Avalanche-Journal. Архивирано од изворникот на December 28, 2023. Посетено на April 19, 2014.
  4. 4,0 4,1 Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
  5. Jennings, Nicholas (October 30, 2018). Lightfoot. Penguin Random House Canada. ISBN 9780143199212.
  6. „Kim Hasse and Gordon Lightfoot | Celebrations“. Globegazette.com. December 27, 2015. Посетено на September 26, 2021.
  7. Warner, Andrea (November 15, 2018). „10 things you need to know about Gordon Lightfoot on his 80th birthday“. CBC Music. Посетено на November 13, 2021.
  8. Loewenthal, Robyn (April 25, 1996). „Lightfoot Back on Track With Fresh Outlook“. Los Angeles Times. Посетено на November 20, 2022.
  9. Brodsky, Rachel (May 1, 2023). „Canadian Folk Icon Gordon Lightfoot Dead At 84“. Stereogum (англиски). Посетено на May 2, 2023.
  10. „Gordon Lightfoot | Music Biography, Credits and Discography“. AllMusic. Посетено на April 19, 2014.
  11. White, Adam; Bronson, Fred (1988). The Billboard Book of Hits. Billboard Books. ISBN 0-8230-8285-7.
  12. Seely, Mike (August 22, 2007). „Fantasy Trade: Gordon Lightfoot for Neil Diamond, The Last Waltz: Canadian songwriter passed on the night-of invitation, much to this author's regret“. Seattle Weekly. Архивирано од изворникот на June 12, 2018. Посетено на June 10, 2018.
  13. „Gordon Lightfoot Biography“. Activemusician.com. Архивирано од изворникот на November 5, 2014. Посетено на April 19, 2014.
  14. 14,0 14,1 14,2 Rutherford, Nichola (May 2, 2023). „Singer-songwriter Gordon Lightfoot dies aged 84“. BBC. Посетено на May 3, 2023.
  15. Празен навод (help)
  16. Празен навод (help)
  17. Morris, Chris (2023-05-02). „Gordon Lightfoot, Folk Singer Who Topped Charts With 'Sundown' and 'If You Could Read My Mind', Dies at 84“. Variety (англиски). Посетено на 2024-10-16.

Надворешни врски

уреди