Горан Анастасовски
Горан Анастасовски (р. 27 март 1969) познат и како кралот на камерата,[1] според лондонскиот „Дејли Мејл“. Тој е познат македонски и светски фотограф кој повеќе од 15 години фотографира неверојатни портрети на животни и луѓе. Активно се занимава со фотографија од 2006 година, главно фокусиран на природата и светот на дивите животни. Сликите на Анастасовски прикажуваат леопарди, лавови, тигри, жирафи во изненадувачки опуштени пози, а многу од нив споделуваат интимни моменти со своите придружници. Со своето фотографско мајсторство успеа да го пласира своето име на многу светски медиуми.
Горан Анастасовски | |
---|---|
Роден(а) | 1969 Скопје |
Националност | Македонец |
Занимање | фотограф |
Фотографирањето животни е мојата најголема страст и ако успеам да направам барем еден човек повеќе да се грижи за животните, сум ја постигнал целта. Со секоја фотографија што ја снимам целта ми е да ја доловам не само убавината на животното, туку и хуманоста на животните и нивната способност да бидат грижливи и да искажуваат љубов
— вели Горан Анастасовски, [2]
Портретите на дивиот свет од Зоолошката градина во Скопје, како и многу други одлични фотографии, беа објавени во „Нешнел џиографик“, „Дејли мејл“, „Ле Фигаро“, „Ројтерс“, „Најдобра фотографија на природата“, „Сандеј експрес“, „Форбс“, „Индипендент“, „Инсајдер“, „Телеграф“, „Боред панда“, „Њујорк Пост“, „Хафингтон Пост“, „Чајна Дејли“, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си, „Дејли Стар“ и многу други.[3]
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди- И со скапа облека и со црно под ноктите, децата се најубавото нешто на светот. Фотографиите на Горан Анастасовски и на Боред панда
- За најубавите фотографии секогаш е пресудна среќата
- Еве како се промовира Македонија – македонски фотограф на Дејли Мејл претставен како „Крал на камерата“!
- www.gorananastasovski.com