Залив Спенсер
Заливот Спенсер се наоѓа јужно од Австралија, во нејзината држава Јужна Австралија. Заливот Спенсер е долг 322 километри и достигнува најголема ширина од 129 километри. На неговиот западен брег се наоѓа полуостровот Еир, а на источниот брег се наоѓа полуостровот Јорк кој го одвојува од заливот Свети Винсент. Најголеми градови во областа околу заливот се Вајала, Порт Пири и Порт Аугуста. Заливот Спенсер бил откриен од истражувачот Метју Флиндерс во 1802 година. Земјата околу заливот прв ја истражувал Едвард Џон Еир во 1839 годин и 1840-41. Населувањето на бреговите на заливот започнало во доцните 1840-ти.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |