Големо гушанче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Трскари
Род: Hippolais
Вид: Големо гушанче
Научен назив
Hippolais olivetorum
(Strickland, 1837)

Големото гушанче или маслинар (научHippolais olivetorum) е мала врапчевидна птица од семејството на трскарите (Acrocephalidae), од родот на дрвните трскари (Hippolais). Се размножува низ југоисточна Европа и Близок Исток. Ја има и во Македонија. Птица преселница е, што зимува во источна и јужна Африка, од Кенија до Јужна Африка.

Опис

уреди

Оваа птица е со средна големина од трскарите, но најголем од гушанчињата. По големина е колку дамчестото грмушарче, долго околу 15,5-17 см, со малку подолг клун и пократка опашка. Главата му е сплескана, крилјата долги, а нозете тешки. Одозгора е сивкавокафеав, а одоздола валканобел.

Поведение

уреди

Живеалиштето на оваа птица се отворените дабови шуми, насадите со маслинки, овоштарниците и плантажите со бадеми.

Се храни, како и другите трскари, со инсекти.

Гнездото го гради на мали дрвја или во грмушки и несе 3-4 јајца.

 
Hippolais olivetorum

Песната му е спој од чкрипење и врескање, малку пониско од другите трскари, а исто така, и поспоро.

Статус

уреди

Во Европа, што сочинува 95% од вкупниот број, има 11.000-23.000 пара од овие птици, односно околу 33.000 - 69.000 поединци.[2] Според Црвениот список на МСЗП оваа птица е класифицирана како вид со најмала загриженост.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Hippolais olivetorum. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. BirdLife International 2004

Надворешни врски

уреди