Вакцина против голема кашлица

Вакцина против голема кашлицавакцина која штити од голема кашлица (пертусис).[1][2] Постојат два главни типови на оваа вакцина: инактивирана вакцина која содржи цели клетки и ацелуларна.[1][2] Целоклеточната вакцина има ефикасност од околу 78%, додека ацелуларната од 71–85%.[1][3] Ефикасноста на вакцината се намалува помеѓу 2 и 10% секоја наредна година после вакцинирањето, при што тоа е поголемо кај ацелуларната вакцина.[1] Вакцината е единствено достапна во комбинација со тетанус и дифтерија вакцини.[1] Се смета дека вакцината против голема кашлица има спасено над 500.000 животи во 2002 година.[4]

Вакцина против голема кашлица
Опис на вакцината
Целна болестголема кашлица
Вид?
Клинички податоци
MedlinePlusa682198
Начин на издавање
  • US: само
  • (Само со рецепт)
Назнака
ATC кодJ07AJ01 J07AJ02 J07AJ51 J07AJ52
DrugBankDB15274 Ок
UNII2QNL82089R
 НОк (што е ова?)  (провери)

Препораки

уреди

Вакцинирање на мајката за време на бременоста може да го заштити и бебето.[1] Светската здравстена организација и Центарот за контрола и превенција на болеста на САД препорачуваат сите деца да бидат вакцинирани за голема кашлица и оваа вакцина да биде вклучена во календарот за редовна имунизација.[1][5] Кај децата се препорачуваат три дози почнувајќи од шест неделна возраст.[1][2] Дополнителни дози може да се дадат кај поголеми деца и возрасни.[1] Тука спаѓаат и лица со ХИВ/СИДА.[1]

Безбедност

уреди

Ацелуларните вакцини почесто се користат во развиените земји поради помалиот број на несакани ефекти.[1] Помеѓу 10 и 50% од лицата кои примиле целоклеточна вакцина развиваат црвенило на местото на инјектирање и треска.[1] Фебрилни конвулзии се јавуваат кај помалку од 1% од примателите.[1] Кај ацелуларната вакцина можна е кратка појава на оток на рамото.[1] Несаканите ефекти од двете типови на вакцини, а особено од целоклеточната, се поретки кај помали деца.[1] Целоклеточните вакцини не треба да се користат после седумгодишна возраст.[1] Сериозни долгорочни невролошки проблеми не се поврзани со двата типа на вакцина.[1]

Историја

уреди

Вакцината била разработена во 1926 година.[6] Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на СЗО.[7][8]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 „Pertussis vaccines: WHO position paper - September 2015“ (PDF). Relevé Épidémiologique Hebdomadaire. 90 (35): 433–458. August 2015. PMID 26320265. Архивирано (PDF) од изворникот 4 March 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 „The Immunological Basis for Immunization Series: Pertussis Vaccines“. World Health Organization. Архивирано од изворникот на 23 March 2018. Посетено на 22 November 2017.
  3. Zhang L, Prietsch SO, Axelsson I, Halperin SA (September 2014). „Acellular vaccines for preventing whooping cough in children“. The Cochrane Database of Systematic Reviews. 2014 (9): CD001478. doi:10.1002/14651858.CD001478.pub6. PMC 9722541 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 25228233.
  4. „Annex 6 whole cell pertussis“ (PDF). World Health Organization. Архивирано (PDF) од изворникот 24 March 2012. Посетено на 5 June 2011.
  5. „Pertussis: Summary of Vaccine Recommendations“. Centre for Disease Control and Prevention. Архивирано од изворникот 29 June 2011. Посетено на 12 December 2015.
  6. Macera C (2012). Introduction to Epidemiology: Distribution and Determinants of Disease. Nelson Education. стр. 251. ISBN 9781285687148. Архивирано од изворникот 8 September 2017.
  7. World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019. Geneva: World Health Organization. hdl:10665/325771. WHO/MVP/EMP/IAU/2019.06. License: CC BY-NC-SA 3.0 IGO.
  8. World Health Organization (2021). World Health Organization model list of essential medicines: 22nd list (2021). Geneva: World Health Organization. hdl:10665/345533. WHO/MHP/HPS/EML/2021.02.