Голема Река (Халкидик)

река на Халкидик, Егејска Македонија

Голема Река[1] (Μεγάλο Ρέμα, Мегало Рема), Холомондас или Пазарудска Река (Ρέμα Απολλωνιάς_[2]) — река во Касандриско и Лагадинско, Егејска Македонија. Тече низ полуостровот Халкидик и завршува во Бешичкото Езеро[1][3]

Голема Река
Μεγάλο Ρέμα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКасандриско и Лагадинско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоХортач
 • координати40°28′31″N 23°17′38″E / 40.4753° СГШ; 23.2940° ИГД / 40.4753; 23.2940
Устие 
 • место
Бешичко Езеро кај Пазаруда
 • координати
40°39′56″N 23°28′52″E / 40.6656° СГШ; 23.4812° ИГД / 40.6656; 23.4812
Особености на сливот
Голема Река (Халкидик) во рамките на Полигеро (општина)
извор
утока

Течение

уреди

Реката извира на планината Хортач, источно под врвот Манола (776 м), северно од паланката Галачишта. Тече на север и тука го носи името Слотна. Ја прима големата лева притока Мана северно од Думбија и свртува на исток. Тука е наречена Вијамура. Ги прима левите притоки Латариха, Калјани и Камболакос, па почнува да се нарекува Голема Река (Мегало Рема). Откако ќе го прими потокот Каранѕакос повторно свртува на север. Минува источно од Егри Буџак и се влева во Бешичкото Езеро северно од Пазаруда.[1]

Притоки

уреди

→ лева, ← десна

  • → Мана[1]
  • ← Мармарудас[1]
  • → Кајраки[1]
  • ← Латарија (Караникос)[1]
  • ← Калјани [1]
  • ← Камболакос[1]
  • ← Каранѕакос[1]
  • ← Цацеруди[1]
  • → Ангелохоритико[1]
  • ← Микро Рема[1]
  • → Ацалиотико[1]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. „Εθνικό Πάρκο Λιμνών Κορώνειας-Βόλβης και Μακεδονικών Τεμπών“ (PDF). Το Μουσείο Γουλανδρή Φυσικής Ιστορίας/Ελληνικό Κέντρο Βιοτόπων-Υγροτόπων. Посетено на 2 декември 2023.
  3. Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.