Гога Зафироски
Гога Зафироски - Зафиро (Прилеп, 7 април 1925 - Прилеп, 2004) — македонски пејач на народна музика.
Гога Зафироски | ||
Роден | 7 април 1925 Прилеп, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 2004 Прилеп, Македонија | |
Занимање | пејач |
Животопис
уредиЗафироски е роден на 7 април 1925 година. Првите музички почетоци му биле на неполни 17 години во еден циркус кој гостувал во Прилеп. За време на претставата во циркусот водителот побарал од публиката човек кој знае да пее, по што неговите другари го пријавиле него. Кога Гога запеал публиката и водителот биле воодушевени од неговиот глас. Водителот му рекол на Гога: - „Ти момче си роден за пејач и ќе пееш секој ден во овој циркус додека сме тука“. Со пеењето во циркусот ги заработил првите пари од пеење. На 18 години се вработил во монополот каде што работел на манипулацијата на тутунот, им пеел на другите работници поради што бил миленик во монополот каде што пеел и на разгласната станица. За време на окупацијата во 1943 година некои постари мангупи го натерале Гога да ја запее тогаш популарната германска песна „Лили Марлен“ пред Германците во монополот но со други зборови:
„Нашата кокошка снесе три јајца
и сега ги квачи да станат пиленца…
После три недели станале петли
и сега се борат кој да победи
за тебе Лили Марлен…“
Германците биле воодушевени од настапот на Гога и неговата „верзија“ на Лили Марлен… Го бакнувале, прегрнувале и му аплаудирале не знаејќи што всушност им испеал Гога. Но кога некој им кажал кои биле зборовите во песната, Гога бил затворен во полицискиот участок каде што бил ѕверски претепан, особено по стапалата, поради што целиот живот ги чувствувал последиците од тепањето. По ослободувањето Зафироски заедно со техничарот Киро Грдан направиле радиостаница на кратка бранова должина која била прифатена на општо задоволство од прилепчани. Така Гога ја формирал првата радиостаница во Прилеп и станал нејзин прв директор но истовремено и нејзин водител, спортски коментатор, конферансие и пејач целиот свој работен век. Гога Зафироски – Зафиро снимил 4 плочи за „Југотон“ и испеал преку 140 песни. За него е снимен и документарец и видео-лента од Македонската радио-телевизија. За својата дејност е наградуван со повеќе награди и признанија меѓу кои се истакнува орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда од претседателот на СФР Југославија. Со неговата сопруга Менка имале три деца: Павлина, Сашо[1] и Лиле. Починал во 2004 година.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Гога Зафироски - Се зададе темен облак на YouTube
- Гога Зафироски - Запеала Љуба од градина на YouTube