Глас на Егејците
„Глас на Егејците“ — весник на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија, излегувал од 1 септември 1950 до мај 1954 година во Скопје, Социјалистичка Република Македонија, а моментално се издава во Скопје.
Формат | весник/списание |
---|---|
Уредник | Тодор Симовски |
Основан | 1 септември 1950 |
Јазик | македонски |
Седиште | Скопје |
Од 37. број во 1953 година, весникот станува орган на Сојузот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Се објавува двапати месечно, во формат 45x34 cm. Главен уредник и одговорен за весникот е етнографот Тодор Симовски[1]. Главните теми за кои се зборува на страниците на весникот се минатото на Егејска Македонија, конкретно Граѓанската војна во Грција и судбината на бегалците од областа [2]. Друг главен уредник на весникот е историчарот Христо Андоновски [3] . Последниот 46. број бил објавен во мај 1954 година.
Во 2004 година, издавањето на „Глас на Егејците“ е обновено како списание.[4]
Наводи уреди
- ↑ Литовски, Александар. Јубилеен календар од егејскиот дел на Македонија во 2010, стр.72-73
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 363. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ Почина новинарот и публицист Христо Андоновски, Утрински весник, 16 октомври 2006.[мртва врска]
- ↑ СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ „МАКЕДОН“:70 ГОДИНИ ОД ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА Архивирано на 4 март 2016 г., преземено од radiolav.com.mk на 28.04.2012 г.