Главни рудници во Валонија

Главните рудници во Валонијасветско наследство на УНЕСКО, кое опфаќа четири наоѓалипта во Валонија во јужна Белгија, поврзани со белгиската индустрија за ископување јаглен од 19 и 20 век.[1] Четирите наоѓалишта на збирот, сместени во покраината Ено и француската покраина Лиеж, ги сочинуваат Гранд-Орну, Боа-ду-Лук, Боа ду Казје и Блењи-Мин.

Главни рудници во Валонија
светско наследство на УНЕСКО
МестоВалонија, Белгија
Критериумкултурно: (ii), (iv)
Навод1344rev
Запис2012 (XXXVI заседание)
Површина118.07 ha (291.8 acres)
Преоден појас344.7 ha (852 acres)
Мреж. местоsitesminiersmajeursdewallonie.be
Координати50°26′7″N 3°50′18″E / 50.43528° СГШ; 3.83833° ИГД / 50.43528; 3.83833
Местоположба на главните рудници во Валонија во Белгија

Опис

уреди

Местото било признато од комисијата на УНЕСКО во 2012 година и службено е опишано:

Четирите наоѓалишта на имотот создаваат појас долг 170 километри од 3 до 15 километри, преминувајќи ја Белгија од исток кон запад. Се состои од најдобро сочувани места за ископување јаглен во земјата од 19 и 20 век. Се одликува со рани примери на утописка архитектура од раните периоди на индустриската ера во Европа во рамките на високо интегриран, индустриски и урбан ансамбл, особено колеџот Гранд-Орну и работничкиот град дизајниран од Бруно Ренард во првата половина на 19 век На Боа-ду-Лук вклучува бројни згради подигнати од 1838 до 1909 година и една од најстарите европски колирии кои датираат од крајот на 17 век. Додека Валонскиот регион имал стотици колирии, повеќето ја загубија инфраструктурата, додека четирите компоненти на наведената локација задржуваат висока мерка на интегритет.

Историја

уреди

За време на индустриската револуција во 19 век, рударството и тешката индустрија што се потпирале на јаглен створиле голем дел од економијата на Белгија. Поголемиот дел од ова рударство и индустрија се одвивало во sillon industriel („индустриска долина“ на француски), појас земја што се протегал низ целата земја, каде што се наоѓаат многу од најголемите градови во Валонија. Именуваните места на ова светско наследство се сите сместени во или во близина на областа на индустриска долина.

Рударскиот оддел во Белгија опадна во текот на 20 век за време на деиндустријализацијата и денес четирите наведени рудници веќе не се во функција. Денес, секој од нив е отворен за посетители како музеи и се важен дел од белгиското индустриско наследство.

Места

уреди
Наслов Слика Место Опис
Гранд-Орну Орну, покраина Ено Комплекс на индустриски згради поврзани со ископ на јаглен, кој датира од почетокот на 19 век. Тој бил еден од првите примери за планирање на градот и е еден од најстарите стопанско друштвениградови во светот.
Боа-ду-Лук Уденг-Емерис, покраина Ено Еден од најстарите рудници за јаглен во Белгија, рудникот бил затворен во 1973 година. Местото е зачувано како екомузеум, додека наоѓалиштето е најпознато како стопанско друштвен град.
Боа ду Казје Марсинел, покраина Ено Рудник за јаглен од 1822 до 1967 година, Боа ду Казје е најпознат како место на голема рударска катастрофа од 1956 година, во која загинале 262 рудари, претежно италијански печалбари.
Блењи-Мин Блењи, покраина Лиеж Главен рудник за јаглен во источна Белгија; во 1980 година, тој бил последниот што бил затворен во покраината.

Наводи

уреди
  1. „UNESCO Adds Wallonia Mining Sites in Belgium to World Heritage List“. TravelPulse. 17 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2020-02-03. Посетено на 7 септември 2021.