Главен град

(Пренасочено од Главниот град)

Главен град (понекогаш се среќава и како престолнина, столнина или столица) — административен центар на една држава, покраина, округ, департман или друга единица, којшто се одликува со неколку главни одлики:

  • Обично во главниот град се наоѓа владата на државата. Но тој може да се разликува од вистинското седиште на владата. На пример во Холандија главниот град е Амстердам, додека седиштето на владата е во Хаг.
  • Во монархиите главниот град најчесто е таму, каде се наоѓа кралскиот двор (може да се мести од едно во друго место).
  • Обично главниот град е запишан во Уставот на државата.
  • Често главниот град е центар на важни дејности - администрација, образование, наука.
Скопје, главниот град на Македонија

Ва повеќето случаи главниот град е најголемиот град во земјата, но има многу исклучоци. На пример во Швајцарија главниот град е Берн, a најголемиот град е Цирих; во САД главниот град е Вашингтон, најголемиот град е Њујорк и слични други вакви случаи.[1]

Некои држави имаат повеќе од еден главен град. На пример ЈАР има 3 главни градови – Собранието заседава в Кејптаун, владата е во Преторија, судот се наоѓа во Блумфонтејн. Најголемиот град во ЈАР е Јоханесбург.

Исто така, автономните области имаат главни градови (провинциите во Германија и Австрија, кантоните во Швајцарија, државите во САД и слично).

Поврзано

уреди
  1. Panther, Klaus-Uwe; Thornburg, Linda L.; Barcelona, Antonio (2009). Metonymy and Metaphor in Grammar (англиски). John Benjamins Publishing. ISBN 978-90-272-2379-1. Архивирано од изворникот 3 April 2023. Посетено на 17 June 2020.