Гинтер Фелингер
Гинтер Фелингер (германски: Günther Fehlinger; Линц, 1968) е австриски економист и лобист на ЕУ и НАТО.[1] Тој е познат по своите екстремни антисрпски ставови и застапување за независност на Косово и Метохија.
Гинтер Фелингер Günther Fehlinger | |
---|---|
Роден(а) | 1968 (воз. 55–56 г.) Виена, Австрија |
Националност | Австриец |
Алма матер | Виенскиот универзитет за економија и бизнис. |
Занимање | економист, лобист |
Биографија
уредиРоден е во 1968 година во австрискиот град Линц.[1] Дипломирал на Виенскиот универзитет за економија и бизнис.[2]
Работел во невладини организации низ Европа.
Од 2005 година, Гинтер е фокусиран на економските реформи и политиката на МСП во европските земји во транзиција, главно во Косово и Метохија, Албанија и Украина.[3]
Тој е поборник за проширување на НАТО пактот и Европската унија (ЕУ).[3]
Антисрпски ставови
уредиФелингер е познат по своите екстремни антисрпски ставови кои ги објавува на друштвените мрежи. Тој побара Србија да ја признае независноста на Косово и Метохија, да воведе санкции кон Русија, да се закачи украинското знаме на зградата на Претседателството на Србија во Белград и хотел Москва да се преименува во Хотел Киев.[4] Тој при посетата на Белград побара споменикот на Милица Ракиќ да се замени со споменик на Медлин Олбрајт[5] и се сликаше со НАТО и албанското знаме.[6] Тој објави слика со знамето на НАТО во Белград на годишнината од почетокот на НАТО агресијата врз СР Југославија и по тој повод му се заблагодари на НАТО за бомбардирањето. Тој е во добри односи со адвокатот Чедомир Стојковиќ, кој беше гостин на конференција во Белград.[7]
Постапката на Фелингер го предизвика гневот на српската јавност и дијаспората, по што во јавноста беа објавени неговиот телефонски број и адресата во Виена. По овој настан Фелингер изјавил дека цела ноќ добивал заканувачки пораки од „српските екстремисти“.[6]
Антимакедонски ставови
уредиТој предложи Македонија да ги укине државните празници кои Бугарија ги смета за провокативни, како што се Денот на македонската револуционерна борба и Ден на востанието на Македонија.[8] Тој побара и Македонија да почне да го одбележува 4 април како Ден на НАТО.[9]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Кнежевић, Весна (2022-01-23). „Кад историчари заћуте а хушкачи проговоре“. Нови Стандард (српски). Посетено на 2023-03-31.
- ↑ „Gunther Fehlinger“. Investment Management Exhibition (англиски). Посетено на 2023-03-31.
- ↑ 3,0 3,1 „Gunther Fehlinger“. Visegrad Insight (англиски). Посетено на 2023-03-31.
- ↑ „КО ЈЕ АУСТРИЈАНАЦ КОЈИ ЖЕЛИ ДА ПРЕИМЕНУЈЕ ХОТЕЛ "МОСКВА"? Пореклом Албанац - лобира за лажну државу и против Русије у Кине“. NOVOSTI (српски). Посетено на 2023-03-31.
- ↑ „Аустријски НАТО екстремиста поново провоцира: Уместо Милице Ракић споменик за Мадлен Олбрајт“. RT Balkan (српски). Посетено на 2023-03-31.
- ↑ 6,0 6,1 „Srbi pisali Austrijancu koji je u Beogradu raširio zastavu NATO-a“. www.atvbl.rs (босански). Посетено на 2023-03-31.
- ↑ „Најомраженија личност Гунтер Фехлингер у Србији је био гост Чедомира Стојковића, који дели исте ставове као и Гунтер!“. Васељенска ТВ (српски). 2023-03-25. Посетено на 2023-03-31.
- ↑ „Фелингер предлага да се откажеме од историјата: Празниците 11-ти и 23-ти октомври се навредливи за Бугарија“. Lider.mk. Архивирано од изворникот на 2023-04-06. Посетено на 2023-04-06.
- ↑ „ФЕЛИНГЕР: Македонија да го прогласи Денот на НАТО за официјален празник | arhiva.iNFOMAX.mk“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-04-06. Посетено на 2023-04-06.