Гибралтарски Проток

(Пренасочено од Гибралтарски проток)

Гибралтарски Проток (арапски: مضيق جبل طارق, шпански: Estrecho de Gibraltar) — проток кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, a ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка.

Гибралтарскиот проток од вселената (лево е Пиринејскиот Полуостров) (НАСА)

Името доаѓа од арапското Џебел Тарик што значи планината Тарик и се однесува на умајадскиот берберски војсководец Тарик ибн-Зијад кој го предводел арапското освојување на Шпанија во 711 г.[1]

Во најтесниот дел, ширината на морето е 13 км. Длабочината варира помеѓу 300 и 900м.[2] Помеѓу двата континента има постојана траектна линија.

На северната страна на протокот се Шпанија и Гибралтар, а на јужната се Мароко и Сеута, која е шпанска енклава во Северна Африка. Карпите околу протокот во антиката биле познати како „Херкулови Столбови“. Во околината има неколку мали острови за кои се води територијален спор меѓу Шпанија и Мароко.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Gibraltar port website Архивирано на 3 јануари 2008 г., retrieved 10 јуни 2007.
  2. See Robinson, Allan Richard and Paola Malanotte-Rizzoli, Ocean Processes in Climate Dynamics: Global and Mediterranean Examples. Springer, 1994, p. 307, ISBN ISBN 0-7923-2624-5.
  3. Tremlett, Giles, "Moroccans seize Parsley Island and leave a bitter taste in Spanish mouths" - The Guardian, 13 јули 2002.