Гејб Њуел

(Пренасочено од Гејб Нуел)

Гејб Логан Њуел (англиски: Gabe Logan Newell), често наречен Гејбен (Gaben) — американски соосновач и извршен директор на компанијата за видеоигри и дигитална дистрибуција Валв (Valve).

Гејб Њуел

Работа

уреди

Откако го напуштил Универзитетот Харвард,[1] Њуел поминал тринаесет години работејќи за Мајкрософт на развивање на Windows верзиите 1.01, 1.02, и 1.03,за на крајот да стане „Мајкроспфт Милионер". Њуел се опишал себеси како „производител на првите три изданија на Windows“.[2] Инспириран од Мајкл Абраш, кој го напуштил Мајкрософт за да работи за играта Квејк (Quake), Њуел и Мајкл Харингтон го напуштиле Мајкрософт и го основале Валв во 1996 година.[2]

Во март 2013 година, Њуел ја примил наградата БАФТА (BAFTA Fellowship) за неговите извонредни и исклучително креативни придонеси за видео игри.[3]

 
Гејб Њуел во 2010 година ја презентира видео играта Портал

Личен живот

уреди

Гејб Логан Њуел е роден на 3 ноември 1962 година во Сиетл, Вашингтон.[4] Њуел израснал во Дејвис, Калифорнија и дипломирал во Средното училиште Дејвис во 1980 година. Тој студирал на Универзитетот Харвард, од 1980 до 1983 година, но на крајот го напуштил. Тој се оженил со Лиза Менет Њуел во 1996 година.[5][6]

Наводи

уреди
  1. Barret, Victoria (December 12, 2005). „It's A Mod, Mod Underworld“. Forbes. Посетено на February 2, 2016.
  2. 2,0 2,1 CVG Staff (September 28, 2007). „Creative Minds: Gabe Newell“. Computer and Video Games. Future plc. Архивирано од изворникот на December 11, 2014. Посетено на February 9, 2016.
  3. „Valve's Gabe Newell to be Honoured with BAFTA Fellowship“. February 25, 2013. Посетено на February 9, 2016.
  4. Purchese, Robert (November 15, 2012). „Gabe Newell named as next AIAS Hall of Famer“. Gamer Network. Посетено на February 9, 2016.
  5. Staff (November 30, 2004). „Valve wins round one in Half-Life distribution debacle“. Посетено на February 9, 2016. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  6. „Valve Handbook for New Employees“ (PDF). Valve Corporation. стр. 19. Посетено на September 1, 2013.

Надворешни врски

уреди