Германија на Евровизија 1961
Германија била претставувана од Лале Андерсен со песната Einmal sehen wir uns wieder (мак: Ќе се видиме еден ден пак), на натпреварот за песна на Евровизија во 1961 година, кој се одржал на 18 март во Кан, Франција. Песната била избрана на германското национално финале кое се одржало на 25 февруари.
На Евровизија
уредиНа денот на финалето Лале Андерсен настапила осма по ред, по Шведска и пред Франција. Било невообичаено тоа што целиот рефрен бил испеан на француски јазик, што беше дозволено, бидејќи во времето на Европскиот радиодифузен сојуз допрва требало да се воведат некои специфични правила во однос на јазикот на изведбата. Сепак, Einmal Sehen Wir Uns Wieder не успеала да ја воодушеви интернационалната публика, освојувајќи само 3 бода и со тоа Германија завршина на тринаесеттото место од вкупно шеснаесет држави. Германското жири им доделило 5 од вкупно 10 бода на победниците на ова натпреварување, Луксембург .[1]
Гласање
уредиСекоја држава имала жири составено од десет луѓе. Секој член на жирито требало да даде еден бод на неговата или нејзината омилена песна.
Поврзано
уреди- ↑ „ESC History - Germany 1961“. Архивирано од изворникот на 2019-08-21. Посетено на 2019-05-11.