Германија, бледа мајка

Германија, бледа мајка ( германски: Deutschland bleiche Mutter ) е драма филм од Западна Германија од 1980 година напишан и режиран од страна на Хелма Сандерс-Брамс . Филмот бил прикажан на 30 Берлинскиот меѓународен филмски фестивал во 1980 година, каде што бил номиниран за наградата златна мечка . Филмот во САД за првпат прикажан во 1984 година. Музиката во филмот е напишана од страна на Јирген Јиргес. Главните улоги ги играат Ева Матес и Ернст Јакоби. Филмот трае 123 минути.

Филмот бил реставриран и повторно објавен во Велика Британија во 2015 година од Британскиот филмски институт .[1]

Насловот е преземен од истоимената песна од Бертолт Брехт .

Награди

уреди

Во 1980 година филмот освоил Гран-при на Меѓународниот фестивал за женски филм "Кретеил" и бил номиниран за Златна Берлинска мечка на 30-тиот Берлински Интернационален Филмски Фестивал .[2]

Наводи

уреди
  1. French, Philip. „Germany, Pale Mother review – highly stylised account of a family in freefall“. Посетено на 6 January 2017.
  2. „Awards for Deutschland bleiche Mutter“. Internet Movie Database. Посетено на 2007-12-25.