Герлаховски Штит
Герлаховски Штит (словачки: Gerlachovský štít, германски: Gerlsdorfer Spitze, унгарски: Gerlachfalvi-csúcs), наречен и Герлах — највисока планина на Високите Татри во Словачка и на Карпатите воопшто. Врвот лежи на 2654,4 м надморска височина. Планината вертикално се издига 2.000 м над тлото на долината.[4]
Геркаховски Штит | |
---|---|
Gerlachovský štít | |
Герлаховски Штит гледан од Гранатова Лавка | |
Највисока точка | |
Истакнатост | 2.355 м [1][2] |
Координати | 49°09′50.5″N 20°08′02.5″E / 49.164028° СГШ; 20.134028° ИГД [3] |
Име | |
Превод | врв на селото Герлахов (словачки) |
Географија | |
Место | Национален парк Татра, Прешовски Крај, Словачка |
Матичен венец | Високи Татри |
Геологија | |
Вид | гранит |
Искачување | |
Прво освојување | 1834 г. од Јан Штил |
Најлесен пат | пентарење |
Во подалечното минато се сметала за просечна планина во нерамниот венец на Високите Татри, но подоцна играла симболична улога во очите на различните владетели и населенија на неколку средноевропски земји: од XIX до средината на XX век носела четири различни имиња кои шестпати биле враќани. Поради геополитичките промени, бил највисока планина во Кралството Унгарија, Чехословачка, Словачка и повторно Чехословачка, сето во три децении на XX век.
Герлаховски Штит има заедничка геологија и екологија со остатокот од Високите Татри. За време на ограниченото движење на граѓаните од Источниот блок, планината била особено ценета меѓу Чесите, Источногерманците, Унгарците, Полјаците и Словаците како висока планина за освојување. Иако пристапот до врвот денес е ограничен, тој и понатаму продолжува да привлекува посетители.
Имиња
уредиДенес
уредиИмето Герлаховски Штит значи „Врв на (селото) Герлахов“. На словачки разговорно се нарекува Герлах (Gerlach). полските службени имиња се Gerlach or Gierlach, а разговорно Girlach и Garłuch.[5][6][7] Името на самото село Герлахов е од германско потекло, бидејќи регионот Спиш околу Татрите во Словачка со векови бил населен со Германци.
Во минатото
уредиПрвото евидентирано име на врвот е спишкиот германски[8] топоним „Кеселберг“ (Kösselberg, Котлова Планина) на карта од 1762 г.[9] Словачкото име на планината за првпат се јавува како Котол (Kotol, исто со значење „котел“) во 1821 г.[10] Двете имиња се однесувале на карактеристичниот котлест цирк на врвот.
Сегашното име влегло во широка употреба во XIX век, како врска помеѓу планина и селото Герлахов (на карпатогермански: Gerlsdorf) во нејзиното подножје.[11] Под името Gerlsdorfer Spitze (Герлаховски Врв) се јавува во записите на првиот што утврдил дека ова е највисока планина на Татрите, во 1838 г.;[12] ова станало gerlachovský chochol (герлаховски срт) во словачката верзија на извештајот од 1851 г.[13] Неколку други планини од Високите Татри ги добиле своите имиња по села на нивните подножја.
Штом е утврдено дека планината е највисока точка во регионот, разните влаасти на територијата покажале интерес за нејзиното име, кое повремено го менувале од симболични причини. Во 1896 г. австроунгарската власт ја нарекла по царот Франц Јосиф I.[14] По укинувањето на монархијата во 1918 г. планината продолжила да се нарекува Герлаховски Штит поради селото Герлахов. Полската влада, која полагала право на територијата на Високите Татри истовреемено ја нарекувала Шчит Полски (Szczyt Polski, Полски Врв), но никогаш не завладеала со неа.[14] Новата чехословачка влада го сменила името во Штит на Легионерите (Štít legionárov) во чест на Чехословачките легии во 1923 г., но во 1932 г. името Герлаховски Штит е вратено.[15] Со комунистичкиот пуч во 1948 г., планината станала Сталинов Штит (Stalinov štít) во 1949 г.[7] По една деценија традиционалното име Герлаховски Штит е повратено и до денес останува непроменето.
Историја
уредиГерлаховски Штит не бил отсекогаш сметан за највосока планина на Татрите. При првото официјално мерење на врвовите за време на Хабсбуршката Монархија во XVIII век, за највисок се сметал Кривањ (2.494 м). Други можни највисоки врвови во тоа време биле Ломницки Штит (2.633 м) и Љадови Штит (2.627 м). Првиот кој точно го утврдил Герлаховски Штит за највисок бил шуарот Људовит (Лудвиг) Грајнер во 1838 г.[12][16][17] Неговиот став бил формално потврден со премер на Австриската армија направен во 1868 г. Меѓутоа, податокот бил општоприфатен дури откако военотопографскиот институт во Виена издал нови меродавни карти на Средна Европа околу 1875 г.[18][19]
Првото потврдено искачување го направил Јан (Јохан) Штил од селото Нова Лесна во 1834 г.[20] Во 1880 г. правците низ „Велицка проба“ и „Батизовска проба“ биле обезбедени со ланци.
Пристап
уредиСамостојното искачување на врвот е дозволено само за планинари од национални членки на Меѓународниот сојуз за искачување и високогорство (UIAA). Другите посетители мора да одат со овластен водич. Двете најлесни патеки „Велицка проба“ и „Батизовска проба“, наречени по нивните долини, се заштитени со ланци. Овие две се меѓу најтешките патеки на Високите Татри поради.[21] Без знег, прирачниците ги класификуваат како класа II и III за искачување (според UIAA)[4] или пониско.[22] Патеката наречена „Мартинкова“ почнува од Пољски Хребењ и води до врвот долж сртот. Патемата „Мартинкова“ има две главни варијанти; кратката почнува од Литворове Седло и се смета за полесна бидејќи го заобиколува делот од Велицки Штит кој бара пуштање со јаже.
Оние кои преноќуваат во хотелот „Силезски Дом“ искачуваат висина од 1.000 м,[23] а планинарите кои одат со водич искачуваат 1.665 м кога почнуваат од Татранска Полјанка. Зиме Герлаховски Штит е тежок. За да се освои потребно е мешано искачување и постои ризик од лавина.[4]
Правците со разни косини за техничко искачување се на источната и југозападната стрмнина.[21] Двете е исклучително долги и сместени на ѕидови од сочинети од чист гранит.[4]
Патеката до Герлаховски Штит влегува во Националниот парк Татра, чии правила велат дека планинарите што отстапуваат од означените патеки подлежат на парична казна ако не се членови на UIAA, или предводени од овластен водич. Ова важи и за кампување. Камените могилки што ги поставаат самите искачувачи како ознаи на патеките повремено се отстрануваат.
Временски прилики на врвот
уредиНеповолните услови при искачувањето на Герлаховски Штит не се ограничени само на висината. Температурниот градиент помеѓу одморалиштата (900 - 1.350 м) и врвот е мошне стремен.[24] На повисоките делови ниската температура делува повисока заради сончевото зрачење кога небото е ведро, но веднаш застудува кога ќе се појават облаци.[25] Заедно со ветровитоста, ова влије неповолно дури и без врнежи од снег и дожд. Врвот е обвиен во облаци извесно време секој ден[26] што води до губење на ориентацијата.[27]
Клима
уредиЈан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Воздушна температура (°C) 14–15 ч. |
-11 | -11 | -8 | -5 | 0 | 3 | 5 | 5 | 2 | -1 | -6 | -9 |
Врнежи (мм) | 120 | 120 | 100 | 130 | 120 | 190 | 190 | 140 | 90 | 90 | 130 | 150 |
Денови со бури и молњи | 0 | 0 | 0 | 2 | 5 | 9 | 9 | 6 | 2 | 0 | 0 | 0 |
Денови кога врвот е 10+ мин. во облаци (мала видливост) |
21 | 20 | 22 | 23 | 26 | 25 | 26 | 24 | 21 | 19 | 21 | 21 |
Денови со иње | 19 | 15 | 16 | 16 | 13 | 5 | 4 | 5 | 10 | 11 | 17 | 19 |
Денови со снежни врнежи[29] | 19 | 16 | 18 | 19 | 16 | 9 | 5 | 4 | 6 | 11 | 17 | 19 |
Денови со снежна покривка >1 см |
31 | 28 | 31 | 30 | 24 | 8 | 4 | 3 | 6 | 15 | 28 | 31 |
Денови со видливост >20 км во 14–15 ч. |
15 | 12 | 12 | 7 | 3 | 3 | 4 | 5 | 8 | 17 | 15 | 15 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Europe Ultra-Prominences“. Peaklist.org. Посетено на 7 јануари 2015.
- ↑ „Gerlachovský štít, Slovakia“. Peakbagger.com. (англиски)
- ↑ „Gerlachovsky Stit“. Посетено на 21 август 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Gerlachovsky Stit“. SummitPost.org. 27 декември 2005. (англиски)
- ↑ „Anna Kłosińska, Słownik ortograficzny“ (полски). 2004. Посетено на 15 November 2007.[мртва врска]
- ↑ „GERLACH“. Encyklopedia Internautica (полски). б.д. Архивирано од изворникот на 8 јули 2012. Посетено на 15 ноември 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 7,0 7,1 Ivan Bohuš, Od A po Z o názvoch Vysokých Tatier, 1996.
- ↑ Milan Olejník (2002). „"Impact of external factors upon the formation of ethnicity – the case of German community living in the region of Zips (Slovak Republic)." Človek a spoločnosť“. Slovak Academy of Sciences in Košice. Архивирано од изворникот на 14 март 2012. Посетено на 16 ноември 2007.
- ↑ Нечитлив на оваа слика. – Francis Florian Czaki, Mappa geographica repræsentans partem Hungariæ nempe sic dictum Comitatum de Zips ... Comitat Scepusiensis. Engraved by Friedrich Hampe, 1762. Архивирано на 18 јануари 2006. In: Józef Szlafarski, Poznanie Tatr, 1972.
- ↑ Jakob Meltzer, "Das Zipser Comitat." In: Johannes Csaplovics, Topographisch-statistisches Archiv des Königreiches Ungarn, 1821.
- ↑ На пример: Alexander F. Heksch, Führer durch die Karpathen und oberungarischen Badeorte. 1881.
- ↑ 12,0 12,1 Ludwig Greiner, "Die Gerlsdorfer Spitze als die höchste Gebirgshöhe der Karpathen." Gemeinnützige Blaetter zur Belehrung und Unterhaltung, 1839.
- ↑ L. Greiner, "Gerlachovský chochol, jako nejvyšší jehlan v Tatrách." Slovenské noviny, ноември 1851.
- ↑ 14,0 14,1 „Gerlachovský štít“ (словачки). Mikuláš Argalács and Dominik Michalík. 2003. Архивирано од изворникот на 9 ноември 2007. Посетено на 3 јуни 2007.
- ↑ „Baron Adrien de Gerlache: Víte co má nejslavnější belgický polárník společného s nejvyšší horou Vysokých Tater?“ (чешки). Foreign Ministry of the Czech Republic. 2005. Посетено на 16 ноември 2007.
- ↑ źudovít Greiner
- ↑ „Pamätná izba Ľudovíta Greinera v Revúcej“. Архивирано од изворникот на 31 декември 2017. Посетено на 5 ноември 2023.
- ↑ Július Burkovský and Igor Viszlai (6 октомври 2006). „Ľudovít Greiner“ (словачки). Lesy SR (Forests of the Slovak Republic). Посетено на 3 јуни 2007.
- ↑ Contrary to its title, it actually contained 14 plates: Josef Schlacher, General-Karte von Mittel-Europa. In 12 Blättern. ca. 1875.
- ↑ „Ján (Johann) Still | Nová Lesná“. Архивирано од изворникот на 17 април 2019. Посетено на 5 ноември 2023.
- ↑ 21,0 21,1 „Menu on the left – Gerlachovský štít“ (словачки). tatry.nfo.sk. б.д. Архивирано од изворникот на 25 октомври 2019. Посетено на 3 јуни 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Július Andráši and Arno Andráši, Tatranské vrcholy: Vysokohorský sprievodca. 1973.
- ↑ „Mountain Hotel Sliezsky Dom“. travelslovakia.sk. Архивирано од изворникот на 18 март 2011. Посетено на 10 ноември 2010.
- ↑ Miluláš Konček and Michał Orlicz, "Teplotné pomery." In: Mikuláš Konček, et al. Klíma Tatier. 1974.
- ↑ František Smolen and Mieczysław Kołodziejek, "Žiarenie." In: Mikuláš Konček, et al. Klíma Tatier. 1974.
- ↑ Jadwiga Orliczowa and Vladimír Peterka, "Oblačnosť a slnečný svit." In: Mikuláš Konček, et al. Klíma Tatier. 1974.
- ↑ Stanislav Samuhel, "Je výstup na Gerlach nebezpečný?" Krásy Slovenska, 1966.
- ↑ Mikuláš Konček, et al. Klíma Tatier. 1974.
- ↑ Vojtech Briedoň, Kazimierz Chomicz and Mikuláš Konček, "Snehové pomery." In: Mikuláš Konček, et al. Klíma Tatier. 1974.
Надворешни врски
уреди„Герлаховски Штит“ на Ризницата ? |
- „Герлаховски Штит“. SummitPost.org. (англиски)
- Кружна панорама од врвот Архивирано на 23 февруари 2012.
- Подорбен опис на врвотите на Високите Татри (словачки)
- Карта на подрачјето Архивирано на 30 октомври 2019.