Георги Шарески квартет

Георги Шарески квартет — македонски џез-квартет, активен од 2006 до 2013 година, во состав: Оливер Јосифовски на бас, Александар Секуловски на тапани, Џијан Емин на клавијатури, и лидерот Георги Шарески македонски композитор, аранжер и гитарист.[1]

Георги Шарески квартет
ПотеклоМакедонија
Жанровиџез
Период на активност2006-2013
ИздавачиLosen Records
Поранешни членови
Георги Шарески
Оливер Јосифовски
Џијан Емин
Гоце Стевковски
Иван Иванов
Александар Секуловски
Владан Дробицки

Активности уреди

Кон крајот на 2005 година, Георги Шарески го направил најквалитетниот можен избор на луѓе со помош на кои го оформил квартетот. Од почетокот му се приклучил и Владан Дробицки на тромбон, го поканил да дојде во Македонија и извонредниот италијански тенор-саксофонист Франческо Беараци, и тогаш во студиото „Chicken Madness“, каде што во периодот 5 – 9 февруари 2006 година снимил три нови теми. Самото издание, како и трите концерти кои следеле, всушност, биле отсвирени во постава на секстет. Со оглед на тоа дека Франческо имал ограничен престојот, брзо биле организирани три настапи, во Скопје на 11 февруари во МОБ, во Битола во „Порта џез“ и во Охрид во „Џез ин“.

Во 2007 година, за квартетот пројавил интерес и продуцентскиот оддел на Скопскиот џез фестивал, и овозможил соодветни услови за снимање на албумот Myau Myau.

Како квартет, на 1 август 2009 година настапиле и на второто издание на македонскиот фестивал „Фонетика“.

На 11 февруари 2010 година, Георги за последен пат настапил со својот квартет надвор од Македонија. Настапот бил во Норвешка, на престижниот „12 Points Jazz Festival“. Во новинарскиот материјал од фестивалот групата била најавена како една од најиновативните нови џез-групи во Европа.

Во 2012 година, Георги Шарески квартетот веќе настапувал како трио, а во 2014 година Шарески го промовирал својот нов проект, наречен Георги Шарески Берлин Унит, каде што покрај него и Џијан, членувале и Борис Бел на тапани, Кристијан Шанц на бас и Николаус Нојсер на труба.

Дискографија уреди

Myau Myau (2007) уреди

Материјалот од овој албум бил промовиран на 23 ноември 2007 година во МКЦ. На албумот Александар Секуловски веќе не бил дел од квартетот, а неговото место во составот бил Гоце Стевковски. Како гостин на тенор-саксофон, во три концертни снимки во живо на летната сцена на МНТ, бил присутен и американскиот музичар Џастин Келер.

Список на песни

1. Загреб
2. I might have super powers
3. Blues for me
4. Quentin
5. Love song (live)
6. Song for a saint
7. Mad cowboy robot
8. Загреб (live)
9. Curse breaker (Live)
10. The future is not as it used to be
11. Ashkalija

Jazz from Macedonia 2009 уреди

Музичка компилација на која се појавуваат 10 македонски џез изведувачи.[2]

Наводи уреди

  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 92–93. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. Jazz from Macedonia 2009 на Музички регистер

Надворешни врски уреди