Географија на Тувалу
Географијата на Тувалу ги опфаќа земјишните облици во земјата, природните ресурси, животинскиот и растителен свет, водните површини и останати географски одлики.
Општи одлики
уредиТувалу е држава во Тихиот Океан која е составена од три острови и шест атоли. Овие острови во минатото се нарекувале Елиски Острови. Тувалу е една од најмалите држави во светот со вкупна површина од 26 км2.
Од ноември до март во државата има силни врнежи и тропски температури. Земјата на островите е ниска и скоро секој остров е опколен од корален гребен. Највосока точка во земјата е 4.6 метри надморска височина на островот Ниулакита.
- Местоположба
Тувалу се наоѓа во Океанија во Јужниот Тихи Океан. Во близина на Тувалу се Кирибатите. Географските координати на Тувалу се 8°00′S 178°00′E / 8.000° ЈГШ; 178.000° ИГД.
- Површина
Тувалу има вкупна површина од 26 км2. Државата нема копнени граници, а вкупниот брег изнесува 24 километри. Земјата е многу ниска.
- Морски територии
- зона: 44 km
- економска зона: 370 km
- територијани води: 22 km
- Клима
Климата во Тувалу е тропска со источни ветрови од март до ноември, а силни врнежни има од ноември до март.
- Природни ресурси
Државата има големи залихи на риба.
- Употреба на почвата
обработлива земја:
0%
постојани насеви:
0%
постијани пасишта:
0%
шуми:
0%
друго:
100% (1993 est.)
- Еколошки проблеми
На Тувалу му прети опасност од целосно потопување на државата. Сите острови се ниски и се многу блиско до изедначување со нивото на Тихиот Океан.
Демографија
уредиНаселението на Тувалу се зголемило двојно после периодот од 1980. Народот во Тувалу е воглавно од полинезиско потекло, додека околу 4% се микронезици. 97% од Тувалците се припадници на Црквата на Тувалу, главна протестантска црква во земјата. Тувалскиот јазик се зборува од скоро сите на островите и е службен јазик. Покрај него и англискиот е службен јазик но не е користен за секојдневна употреба. Парламентот и државната управа се на тувалски.
Поврзано
уреди