Ниулакита
Ниулакита е најјужниот остров во Тувалу, кој воедно е и еден од деветте окрузи на државата. Ниулакита е името и на селото на островот. На Ниулакита функционира основното училиште Лотоалофа. Ниулакита не бил населен до 1949 година, кога се преселиле неколку жители од пренаселениот Ниутао. Порано островот се нарекувал Ла Солитарија, Независност, Софија и Карпест Остров, во зависност од колонизаторите.
Ниулакита Niulakita | |
---|---|
Остров | |
Сателитска снимка | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Тувалу" does not existМестоположба во Тувалу | |
Координати: 10°45′S 179°30′E / 10.750° ЈГШ; 179.500° ИГД | |
Држава | Тувалу |
Надм. вис. | 4,6 м |
Население (2002) | |
• Вкупно | 35 |
Географија
уредиНиулакита е остров кој има население од само 35 жители според пописот од 2002 година. На островот има чеитири бари или мали езерца. Во селото има манеаба, кој служи за собир и рекреација на луѓето и таква има на секој остров во Тувалу. Островот има овален облик и на островот се наоѓа највисоката точна во цело Тувалу која изнесува 4.6 метри надморска височина. Околу островот има корален гребен кој го отежнува сообраќајот и трговијата.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Ниулакита Архивирано на 19 ноември 2019 г.
- Карта на Ниулакита Архивирано на 19 ноември 2019 г.