Географија на Португалија
Португалија е држава на западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во Југозападна Европа. Ова е најзападната земја во континентална Европа.
Континент | Европа |
---|---|
Регион | Пиринејски Полуостров, Јужна Европа |
Координати | 39°22′13.65″N 8°8′25.13″W / 39.3704583° СГШ; 8.1403139° ЗГД |
Површина | 110. место |
• Вкупна | 92391 км2 |
• Земја | 99,52 % |
• Вода | † % |
Брег | 1794 км |
Граници | со Шпанија (1.214 км) |
Највисока точка | Пику 2.351 м |
Најниска точка | Морско ниво (Атлантски Океан |
Најдолга река | Тахо (275 км во Португалија) |
Најголемо езеро | Алкева |
Граници
уредиВкупната површина на земјата изнесува 92.345 км2, и според тоа се наоѓа на 110-то место по големина во светот. Се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантскиот Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантскиот Океан, вклучувајќи ги Азорите и Мадејра.
Главниот град Лисабон е најголемиот во државата со околу 600.000 жители.
Население
уредиЗемјата има население од околу 10.848.692 жители. Густината на населеноста изнесува 114 жит/км2.
Клима
уредиПортугалија е една од најтоплите држави во Европа со атлантско-средоземна клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите се спуштаат до -5 °C. Врнежи од снег има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на северот и 18 °C на југот.
Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доро (Дуеро).