Генерација X
Генерација X (Генерација икс) е поим со кој се означуваат луѓето родени во периодот од средината на шеесеттите до доцните седумдесетти години од минатиот век - по крајот на големото зголемување на наталитетот, таканаречениот беби бум.
Терминот генерација икс во светот се користи при различни демографски, социолошки истажувања, во истражувања поврзани со маркетинг стратегии, како и во популарната култура.
Поединците кои се сметаат за дел од оваа генерација се родени во доцните години од Студената војна, и се сведоци на падот на берлинскиот ѕид. Оваа генерација го има проживеано навлегувањето на компјутерите во секојденевниот живот, појавувањето на видеоигрите, на интернетот, како и начинот на кои тие нешта навлегуваат во сите области на животот. Појавувањето на MTV, гранџ музиката, хип-хоп културата и на СИДА-та се поврзани со оваа генерација.
Во еконимијата некои студии покажуваат дека во овој случај не се потврдува правилото дека секоја следна генерација е подобра од претходната.[1] Една студија вели дека припадниците на оваа генерација заработуваат за околу 12% помалку од нивните татковици во 1974 година.[2]
Културни трендови во Генерацијата X
уредиВо текот на деведесеттите години од минатиот век оваа генерација стана полнолетна и со тоа на свој начин влијаеше врз развојот на популарната култура (гранџ и хип-хоп музиката).
Литература
уреди- ↑ http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/Economic_Mobility_in_America_Full.pdf
- ↑ http://money.cnn.com/2007/05/25/pf/mobility_study/index.htm?cnn=yes Standing in the shadow of dad's salary - May. 25, 2007
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |