Гвинед
Гвинед (англиски: Gwynedd; велшки: Gwynedd) — област во северозападен Велс, наречена по Кралство Гвинед. Оваа област е втора по големина во земјата и меѓу најретко населените. Голем дел од населението говори велшки јазик. Името Гвинед се однесува и на зачувана грофовија, која ги опфаќа областите Гвинед и Англси. Во културна-историска смисла, името важи за целиот Северен Велс, кајшто се протегало некогашното Кралство Гвинед. Денес површината изнесува 2.548 км².
Географија | |
Површина - Вкупно - % вода |
II место 2.548 км2 ? % |
---|---|
Админ. центар | Карнавон |
Најголем град | Бангор |
ISO 3166-2 | GB-GWN |
ONS | 00NC (ONS) W06000002 (GSS) |
Демографија | |
Население: - (2011) - Густина |
XIV место 121.900 XX место 47 жит/км2 |
Народност | 99,0% Белци |
велшки - Секое ниво |
I место 76,1% |
Најважна висоокбразовна установа во Гвинед е Бангорскиот универзтет во градот Бангор. Најзначајна природна знаменитост е живописниот полуостров Лин и Националниот парк Сноудонија.
Историја
уредиГвинед бил независно кралство од крајот на римскиот период, па сè до XIII век, кога потпаднал под англиска власт. Денешен Гвинед е еден од осумте грофовии во земјата создадени во 1974 г.[1] врз основа на целините во некогашното кралство. Ги опфаќал старите грофовии Англси, Карнавоншир и Мерионетшир со исклучок на Едејрнион (кој е во Клуид), како и неколку реони во Денбишир: Ланруст, Лансанфрајд Глан Конви, Еглујсбах, Ландогед и Тир Иван.
Познати личности
уреди- Вејн Хенеси — голман во Фудбалската репрезентација на Велс, играч за ФК „Вулверхемптон Вондерерс“
- Т.Е. Лоренс, наречен „Лоренс од Арабија“ — офицер и деец на Блискиот Исток
- Дејвид Лојд Џорџ — премиер на Велика Британија
- Дафи — соул-пејачка.
- Брин Тервел — оперски пејач
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Local Government Act 1972
Надворешни врски
уреди„Гвинед“ на Ризницата ? |
- Гвинед на Curlie (англиски)
- Совет на Гвинед Неважечки јазичен код. (англиски)