Галактичка година

единица за време
(Пренасочено од Галактичко време)

Галактичка година (вселенска година или космичка година) — времето кое му потребно на Сонцето еднаш да искружи околу средиштето на Млечниот Пат.[2] Една галактичка година изнесува околу 225 милиони Земјини години.[3] Сончевиот Систем се движи со просечна брзина од 230 км/с (828.000 км/ч) на неговата траекторија околу Галактичкото Средиште;[4] со оваа брзина едно тело може да го обиколи Земјиниот екватор за 2 минути и 54 секунди; одговара на 11300 од брзината на светлината.

Приближна орбита на Сонцето (жолта кружница) околу Галактичкото Средиште
Приближна орбита на Сонцето (жолта кружница) околу Галактичкото Средиште
Орбитата на Сонцето (жолта точка и бела крива) околу Галактичкото Средиште (GC) во изминатава галактичка година. Црвените точки се положбите на ѕвездите изучувани од Европската јужна опсерваторија.[1]
Орбитата на Сонцето (жолта точка и бела крива) околу Галактичкото Средиште (GC) во изминатава галактичка година. Црвените точки се положбите на ѕвездите изучувани од Европската јужна опсерваторија.[1]

Галактичката година е згодна единица за претставување на вселенски и геолошки временски периоди заедно. За разлика од тоа, скалата од милијарди години не е корисна за разликување на геолошки настани, а скалата од милиони години бара употреба на големи броеви.[5]

Врелесмед на вселената и Земјината историја изразен во галактички години

уреди

Напомена: 1 галактичка година е еднаква на 225 милиони години.

Време Настан
Галактички
години
(гал)
Милиони
години
(мг)
Во минатото (изминати години)
61,32 Голема експлозија
54 Настанок на Млечниот Пат.
20,44 Настанок на Сонцето.
17–18 3.937 Појава на океани на Земјата.
16,889 3.800 Појава на живот на Земјата.
15,555 3.500 Појава на прокариоти.
12 2.700 Појава на бактерии.
10 2.250 Период еукариум.[6][7] Прва појава на еукариоти[8] Појава на стабилни континенти.
6,8 1.530 Појава на повеќеклеточни организми.
2,4 540 Камбриумска експлозија.
2 500 Појава на прата мозочна структура кај црвите.
1,11 250 Пермско-тријаско изумирање
0,2933 Кредно-палеогенско изумирање
0,0013 Појава на анатомски современиот човек.
Во иднината (години отсега)
0,15 Изминато средно време помеѓу ударите од астероидни тела со величина на K/Pg-ударникот.[9]
1 Сите континенти на Земјата може да се спојат во суперконтинент. Три можности се Амазија, Новопангеја и Пангеја Ултима.[10]
2–3 Плимното забрзување доволно ја оддалечува Месечината од Земјата што повеќе не е возможно целосно затемнување на Сонцето.
4 Нивото на јаглерод диоксид опаѓа дотаму што повеќе не е возможна C4-фотосинтеза. Изумираат сите повеќеклеточни организми.[11]
15 Површинските услови на Земјата се споредливи со оние на Венера денес.
22 Млечниот Пат и галаксијата Андромеда почнуваат да се судираат.
25 Сонцето исфрла планетарна маглина, зад себе оставајќи бело џуџе.
30 Завршува спојот на Млечниот Пат со Андромеда во џиновска елиптична галаксија наречена Млекомеда.[12]
500 Ширењето на вселената предизвикува галаксиите по Месната Група на Млечниот Пат да исчезнат зад хоризонтот на вселенска светлина. Сега нив ги нема во видливата вселена.[13]
2000 Месната Група од 47 галаксии[14] се соединува во една голема галаксија.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Milky Way Past Was More Turbulent Than Previously Known“. ESO News. European Southern Observatory. 6 април 2004. After more than 1,000 nights of observations spread over 15 years, they have determined the spatial motions of more than 14,000 solar-like stars residing in the neighbourhood of the Sun.
  2. Cosmic Year Архивирано на 12 април 2014., Fact Guru, University of Ottawa
  3. Leong, Stacy (2002). „Period of the Sun's Orbit around the Galaxy (Cosmic Year)“. The Physics Factbook.
  4. http://starchild.gsfc.nasa.gov/docs/StarChild/questions/question18.html NASA – StarChild Question of the Month for February 2000
  5. Geologic Time Scale – as 18 galactic rotations
  6. El Albani, Abderrazak; Bengtson, Stefan; Canfield, Donald E.; Riboulleau, Armelle; Rollion Bard, Claire; Macchiarelli, Roberto; и др. (2014). „The 2.1 Ga Old Francevillian Biota: Biogenicity, Taphonomy and Biodiversity“. PLOS ONE. 9 (6): e99438. Bibcode:2014PLoSO...999438E. doi:10.1371/journal.pone.0099438. PMC 4070892. PMID 24963687.
  7. El Albani, Abderrazak; Bengtson, Stefan; Canfield, Donald E.; Bekker, Andrey; Macchiarelli, Roberto; Mazurier, Arnaud; Hammarlund, Emma U.; и др. (2010). „Large colonial organisms with coordinated growth in oxygenated environments 2.1 Gyr ago“ (PDF). Nature. 466 (7302): 100–104. Bibcode:2010Natur.466..100A. doi:10.1038/nature09166. PMID 20596019. S2CID 4331375.[мртва врска]
  8. F. M. Gradstein (2012). The geologic time scale 2012. Volume 2 (1. изд.). Amsterdam: Elsevier. ISBN 978-0-444-59448-8. OCLC 808340848.
  9. Lunar and Planetary Institute (2010), https://www.lpi.usra.edu/features/chicxulub/
  10. Williams, Caroline; Nield, Ted (17 октомври 2007). „Pangaea, the comeback“. New Scientist. Посетено на 2 јануари 2014.
  11. Franck, S.; Bounama, C.; von Bloh, W. (7 ноември 2005). „Causes and timing of future biosphere extinction“. Biogeosciences Discussions. Copernicus GmbH. 2 (6): 1665-1679. Bibcode:2006BGeo....3...85F. doi:10.5194/bgd-2-1665-2005. S2CID 3619702.
  12. Cox, T. J.; Loeb, Abraham (1 мај 2008). „The collision between the Milky Way and Andromeda“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. Oxford University Press (OUP). 386 (1): 461–474. arXiv:0705.1170. Bibcode:2008MNRAS.386..461C. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13048.x. ISSN 0035-8711. S2CID 14964036.
  13. Loeb, Abraham (18 април 2011). „Cosmology with hypervelocity stars“. Journal of Cosmology and Astroparticle Physics. IOP Publishing. 2011 (4): 023. arXiv:1102.0007. Bibcode:2011JCAP...04..023L. doi:10.1088/1475-7516/2011/04/023. ISSN 1475-7516. S2CID 118750775.
  14. Frommert, Hartmut; Kronberg, Christine (5 јуни 2007). „The Local Group of Galaxies“. University of Arizona. Students for the Exploration and Development of Space. Архивирано од изворникот на 7 септември 2009. Посетено на 2 октомври 2009.
  15. Adams, Fred C.; Laughlin, Gregory (1 април 1997). „A dying universe: the long-term fate and evolutionof astrophysical objects“. Reviews of Modern Physics. 69 (2): 337–372. arXiv:astro-ph/9701131. Bibcode:1997RvMP...69..337A. doi:10.1103/revmodphys.69.337. ISSN 0034-6861. S2CID 12173790.