Џуџеста галаксија

(Пренасочено од Галаксија-џуџе)

Џуџеста галаксија — мала галаксија составена од неколку милијарди ѕвезди, што е мал број во споредба со Млечниот Пат (нашата галаксија), која има 200-400 милијарди ѕвезди. Големиот Магеланов Облак, кој има над 30 милијарди ѕвезди, понекогаш се смета за џуџеста галаксија, но други пак, го сметаат за редовно голема галаксија што кружи околу Млечниот Пат.

Пумпа — типична елиптична џуџеста галаксија
NGC 147 — типична топчеста џуџеста галаксија
Стрелец — типична неправилна џуџеста галаксија

Настанок на џуџестите галаксии

уреди

Според современата теорија, највеќето галаксии (а со тоа и џуџестите) настануваат во заемодејство со темна материја или од гасови што содржат метали. Меѓутоа вселенската сонда за испитување развојот на галаксиите GALEX на НАСА пронашла нови џуџести галаксии настанати од гасови без метали. Овие галаксии се наоѓаат во Прстенот во Лав — облак од водород и хелиум околу две масивни галаксии во соѕвездието Лав.[1]

Месни џуџиња

уреди

Во Месната Група постојат многу џуџести галаксии: честопати овие мали галаксии кружат околу поголемите галаксии како Млечниот Пат (Кумова Слама), Андромеда (Гумно) и Триаголник. Согласно наодите во еден труд од 2007[2], многу џуџести галаксии настанале од приливни сили во раните еволутивни фази на Млечниот Пат и Андромеда. Приливните џуџести галаксии настануваат при судир на галаксии и заемодејство на нивните гравитациски маси. При судирот, од матичните галаксии и ореолите од темна материја се извлекуваат потоци од галактички материјал.[3]

Околу Млечниот Пат орбитираат 14 познати џуџести галаксии, а со недамнешните набљудувања[4] астрономите сметаат дека Омега Кентаур(и) (најголемото збиено јато во Млечниот Пат) е всушност јадро на џуџеста галаксија со црна дупка во средиштето, која некогаш била заземена од Млечниот Пат и станала дел од него.

Џуџести галаксии

уреди

Џуџестите галаксии имаат најразлични морфологии:

Хобитски галаксии

уреди

Галаксиите што се помали и потемни од џуџестите галаксии од неодамна се нарекуваат хобитски галаксии[5][6]

Ултракомпактни џуџиња

уреди

Ултракомпактните џуџести галаксии (UCD) се неодамна откриена класа на мошне збиени галаксии со огромен број на ѕвезди. Се смета дека имаат пречник од околу 200 светлосни години и дека содржат сто милиони ѕвезди.[7] Се претпоставува дека тие се јадра на соголени џуџести елиптични галаксии, што го изгубиле гасот и надворешните ѕвезди со приливни заемодејства, патувајќи низ средиштата на богати јата.[8] Ултракомпактните џуџиња може да се најдат во галактичкото јато во Девица, галактичкото јато во Печка, Ејбел 1689, галактичкото јато во Береникина Коса и разни други јата.[9]

Некои џуџести галаксии

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Нова рецепта за џуџести галаксии: Почнете со остаточен гас“ - Science Daily, 19 февруари 2009 (англиски)
  2. Џуџести сфероидни придружници: дали се од приливно потекло? - М. Мец (2007) (англиски)
  3. „Нова рецепта за џуџести галаксии: Почнете со остаточен гас“ - Newswise, проверено на 20 февруари 2009 (англиски)
  4. Noyola, E. and Gebhardt, K. and Bergmann, M. (2008). „Gemini and Hubble Space Telescope Evidence for an Intermediate-Mass Black Hole in ω Centauri“. The Astrophysical Journal. 676 (2): 1008–1015. Bibcode:2008ApJ...676.1008N. doi:10.1086/529002. arXiv:0801.2782.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Околу Млечниот Пат се отриени нови „хобитски“ галакси - SPACE.com (англиски)
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-03-28. Посетено на 2011-04-06.
  7. Астрономите открија дузини минигалаксии Архивирано на 22 јули 2008 г. - Англо-автралиска опсерваторија, 2 април 2004 (англиски)
  8. arXiv:astro-ph/0307362 Галаксии и спојување: Што е потребно за да се уништи една придружна галакасија?, 21 јули 2003 (англиски)
  9. arXiv:astro-ph/0406613 Ултракомпактни џуџести галаксии во Ејбел 1689: фотометриско испитување со ACS, 28 јуни 2004 (англиски)