Гаврил Стоиловски

(Пренасочено од Гаврил Сејменски)

Гаврил Стоиловски (именуван како и Гаврил Стоилов Сејменски; Смојмирово, Беровско, 1884) — македонски револуционер, деец на ВМОРО и ВМОК, доброволец во Македонско-одринското ополчение и малешевски околиски војвода.

Гаврил Стоиловски
Роден 1884
Смојмирово, Отоманско Царство

Животопис

уреди

Гаврил Стоиловски, кај народот познат под псевдонимот „Гаво Комитата“ е македонски револуционер и деец на ВМОРО и ВМОК. Роден е во 1884 година во малешевското село Смојмирово, кое тогаш се наоѓало во рамките на Отоманското Царство. Со избувнувањето на Првата балканска војна, се приклучил како доброволец во Македонско-одринското ополчение, уште познато и како Македонско-одрински доброволни чети и служел во четата на Дончо Златков. Од 1913 година, станал малешевски околиски војвода и водел голем број на борби против српските чети. За време на Првата светска војна, служел во партизанската чета на поручникот Никола Лефтеров.