Сер Гавејн (англиски: Gawain; француски: Gauvain) — еден од витезите на Тркалезната маса. Тој бил син на кралот Лот од Оркни и Моргауз — сестрата на кралот Артур. Тој е најстариот од нивните четири сина: Гахерис (оруженосецот на Гавејн), Гарет и Агравејн. Тој е добро познат како најдоверливиот пријател на сер Ланселот. Во некои дела, сер Гавејн има и сестри. Според некои легенди, по владеењето на кралот Артур, тој ќе биде вистинскиот наследник на престолот на Камелот. Гавејн често се прикажува како страшен, учтив, а исто така сочувствителен воин, жестоко верен на својот крал и семејството. Тој е пријател на младите витези, заштитник на сиромашните и на жените. Неговото познавање на билките го направило одличен исцелител и му се припишуваат најмалку три деца: Флоренс, Ловел и Гингалејн.

Сер Гавејн и Зелениот Витез

Еден од неговите најпознати подвизи се поврзува со Зелениот Витез. Самовилата Моргана (според друга верзија самовилата Нимуе) го измамила сер Бертилак да ја испита смелоста на витезите на Тркалезната маса. За време на еден од нивните собири, Бертилак влегол преправен во Зелениот Витез. Тој предложил, ако витезите се толку смели како што велат, еден од нив да му ја отсече главата, но по една година и тој ќе го направи истото. Гавејн се поднел на испитувањето, но не бил убиен, а секирата само го допрела. По оваа случка, и Бертилак им се придружил на витезите на кралот Артур.[1]

Наводи

уреди
  1. „Gawain | Hero of Arthurian Legend | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2023-07-27.

Надворешни врски

уреди