ГПС-приемник

(Пренасочено од ГПС приемник)

ГПС-приемник или ГПС-уред е секој уред што прима сигнали од глобалниот систем за позиционирање (GPS) со цел да ја одреди моментална местоположба на Земјата. ГПС-уредите ја прикажуваат географската ширина и географската должина, а некои можат да ја пресметаат и надморската височина. Покрај цивилната употреба, ваквите уреди наоѓаат примена во војската, воздухопловството и поморството.

Уред за навигација на велоспиед со Gosmore - програм со отворен код што работи на податоци од OpenStreetMap.

ГПС-уредите може да имаат и дополнителни можности како:

  • да содржат карти, кои може да се претставени со текст или графички
  • да му предлагаат насоки на човекот што управува со возилото/пловилото по пат на текст или говор
  • непосредно да насочуваат самостојно возило (како да речеме роботска сонда)
  • да информираат за состојбата на патиштата и сообраќајот (со претходно заведени податоци или податоци во живо) и да предлагаат други подобри насоки
  • да даваат информации за продажни и услужни места во близината (на пр. ресторани, бензински пумпи и сл.)

Со други зборови, сите ГПС-уреди можат да одговорат на прашањето „Каде сум ?“, а може и да знаат да одговорат на:

  • кои патишта или патеки ми се на располагање сега?
  • по кои патишта или патеки да одам за да стасам до саканото одредиште?
  • ако на некои патишта има вонредно многу сообраќај, по кои други е подобро да одам?
  • каде има нешто за јадење во близина или каде можам да наполнам гориво?

Потрошувачка примена

уреди

Во потрошувачките уреди за ГПС-навигација спаѓаат:

  • Наменски ГПС-уреди за навигација
  • ГПС-модули што треба да се поврзат со сметач
  • ГПС-заведувачи што водат евиденција за патот и потоа се преземаат. Ваквото ГПС-следење е мошне корисно во планинарското означување, исцртување на карти на патеки, во ридскиот велосипедизам и изработката на гекодирани фотографии.
  • Прилагодени уреди, како ГПС-телефони и ГПС-фотоапарати, каде GPS е функција, а не главна намена на уредот. Овие уреди може да се потпомогнати од GPS може, самостојни (независни од мрежата) или двете заедно.

Наменски ГПС-уреди

уреди
 
Разни рачни приемници
 
Такси опремено со ГПС-приемник

Наменските уреди се одликуваат со различен степен на преносливост. Наречени се „рачни“ или „спортски“ приемници и се напојуваат со заменливи батерии што траат повеќе часови, и сот тоа се погодни за планинарење, велосипедски туризам и други активности оддалечеи од електрична мрежа. Екраните им се мали, а некои од нив не се во боја. Куќиштата им се цврсти, а некои и водоотпорни.

Други уреди, наречени „подвижни“ се наменети претежно за автомобили, но имаат мала внатрешна батерија на полнење што трае час-два кога уредот не е поврзан со автомобилот. Уредите за посебни намени можат да бидат трајно поставени и целосно да зависат од електриката во возилото.

Вградените програми на првите уреди не прикажувале карти. Во XXI век уредите прикажуваат карти, а неретко на нив и точки од интерес, информации за патиштата и гласовно давање на насоки по улиците и патиштата чекор по чекор.

Некои производители:

Мобилни телефони со GPS

уреди

Делумно поради регулативите за поттикнување на следење на мобилни телефони, вклучувајќи ја E911, највеќето ГПС-приемници се вградуваат во мобилни телефони, со различен степен на покриеност и услужност за корисникот. Во текот на најголемиот дел од XXI век се нудат паметни телефони (smartphones) со Java што им овозможува да користат внатрешен или надворешен ГПС-приемник (надворешниот поврзан со кабелче или Bluetooth). Други можат да покажуваат навијација по целиот свет со сателитски ГПС-сигнали како секој наменски пренослив ГПС-приемник, надградувајќи ја работата на режим „A-GPS“ кога се во досег. Трети пак, имаат мешан положбен систем што користи други сигнали кога ГПС-сигналите се несоодветни.

Постојат и други прилагодливи решенија за паметни телефони со вграден GPS. Некои од овие телефони можат да се „сврзуваат“ (tethering) со преносен сметач и така играат улога и на безжичен модем, истовремено нудејќи ГПС-навигација и приказ на местоположба. Таков пример е VZ Navigator од производителот Verizon Wireless од САД. Системот ја користи технологијата gpsOne за да ја одреди местоположбата, а потоа ја користи податочната врска на телефонот за да преземе карти и да ги пресмета патиштата. Слична услуга може да се добие и на iPhone. Nokia го дава програмот Ovi Maps бесплатно со нивните паметни телефони, каде картите можат да се стават однапред. Според пазарното испитување на Berg Insight, продажбата на мобилните уреди со GPS во 2009 изнесувала 150 милиони парчиња[1] наспроти само 40 милиони наменски ГПС-приемници.[2]

Постојат и посебни програми за ГПС-навигација наменети за мобилни телефони, како на пример Waze.

На преносни сметачи

уреди

Разни фирми нудат програмска опрема за ГПС-навигација во возила за преносни сметачи.[3] Предноста на GPS на преносен сметач е тоа што нуди поголеми карти, контрола на функциите со тастатура, како и напредни можности за планирање на патувањето што ги нема на други подлоги.

ГПС-модули

уреди
 
Современ 20-каналски ГПС-приемник „SiRFstarIII“ на чипови со поддршка на WAAS/EGNOS.

Други ГПС-уреди треба да се поврзат со сметач за да работат. Ова може да биде домашен сметач, преносен сметач, па дури и личен дигитален помошник (PDA), или паметен телефон. Зависно од видот на сметачот и приклучоците, поврзувањето може да биде со сериски кабел, USB-кабел, или пак Bluetooth, CompactFlash, SD, PCMCIA и поновата ExpressCard.[4] Некои ГПС-единици со PCMCIA/ExpressCard имаат и безжичен модем. Уредите обично немаат веќе инсталиран програм за навигација, па затоа корисникот мора да набави програм или да напише свој. Бидејќи корисниците можат сами да го одберат програмот, ова им дава поголем личен избор. Мошне често ГПС-приемниците за сметачи се нудат со придружен програм. Покрај ова, ГПС-модулите се значително поевтини од целосни засебни системи (околу 50-100 €). Програмот може да содржи карти само за извесна област, или пак да го покрива цел свет (ако се користат програми како Google Maps, VZ Navigator итн).

Некои љубители изработуваат самоделни ГПС-уреди, а програмскиот дел го нудат со отворен код. Еден таков пример е Elektor Архивирано на 10 јули 2011 г.. Тие се засноваат на чип од типот „SirFStar 3“ и се споредливи со опремата во продажба.

Авиопревоз

уреди

Авиопревозниците имаат ГПС-уреди што ја пресметува местоположбата и ги пренесуваат податоците на големиот повеќевлезен управувачки сметач на автопилотот. Тука спаѓаат информации за насоченоста, исцртување на поправени прикази, следење на летот и уреди за евидентирање.

Воена примена

уреди

ГПС-уредите наоѓаат значајна примена во војувањето и ја опслужуваат пешадијата (команданти и обични војници), мали возила и бродови, летала и проектили. Ваков пример се „Командантски дигитален помошник“ (Commander's Digital Assistant) и „Војнички дигитален помошник“ (Soldier Digital Assistant) на американската војска.[5][6][7][8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди