Вукица Андоновска Андонова ( 1925 во Никифорово — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Во 1942 година станала член на младинска воспитна група, а кон крајот на истата rодина станала член на СКОЈ. Во нејзиниот дом престојувале илегалци, членови на Окружниот комитет на КПМ - Тетово и заедно со нејзината мајка Зојка, се грижела за нивната исхрана и одржување на врските во селото. Собирала народна помош и изработувала чорапи за борците во НОВ и ПОМ до август 1943 година, кога по палењето на селото се преселила во Гостивар, продолжувајќи активно да работи во заднината на НОД.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 976.