Второ послание до Тимотеј
Второто послание на апостол Павле до Тимотеј е книга од Новиот завет. Традиционално се смета дека била напишана од страна на апостол Павле, во времето кога престојувал во Македонија. Посланието е упатено до Тимотеј, соработник на Павле, кој тогаш се наоѓал во Ефес.
ЦитатиУреди
„ | не се срамувај од сведоштвото за нашиот Господ и од мене, затвореникот за Него, туку страдај и ти со мене за Евангелието, според силата на Бога | “ |
„ | Веродостојно е словото: „Ако умревме со Него, со Него и ќе живееме; Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас; | “ |
„ | проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука. Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки | “ |