Вселенски сили на САД
Вселенски сили на САД (ВС на САД; англиски: United States Space Force, USSF) — вселенската гранка на вооружените сили на САД. Таа е една од осумте униформирани служби на САД, и првата и моментално единствени независни вселенски сили во светот.[7][8] Вселенските сили, заедно со сестринската гранка — Военото воздухопловство на САД — е дел од Одделот на Военото воздухопловство, кој е во рамките на Министерството за одбрана на САД.
Вселенски сили на САД | |
---|---|
Грб на Вселенскатите сили на САД | |
Создадена | 20 декември 2019 (како гранка на вооружените сили на САД) 1 септември 1982 (како Вселенска команда на Военото воздухопловство)[1] |
Земја | САД |
Вид | вселенски сили |
Големина | 2.501 гардијан[2][3] 13.590 аеронаути[2][4] 77 вселенски летала[5] |
Дел од | Оддел на Военото воздухопловство на САД (U.S. Department of the Air Force) |
Штаб | Пентагон |
Гесло | Semper Supra „Always above“[6] |
Годишнини | 20 декември |
Мреж. место | spaceforce.mil |
Обележја | |
Знаме | |
Знак |
Вселенските сили е под надзор на секретарот на Военото воздухопловство, кој е цивил кој одговара пред министерот за одбрана и е назначен од претседателот на САД со потврда од Сенатот.[9] Воениот началник на Вселенските сили е началникот на вселенски операции (на англиски: chief of space operations, CSO), кој има надзор врз единиците на ВС и е дел од Здружените штабни началници (на англиски: Joint Chiefs of Staff), тело на највисоките униформирани водачи во Министерството за одбрана кое го советува претседателот на САД и други за воени работи.
Службениците на ВС се познати како гардијани (на англиски: guardians, преведено на македонски: чувари). Звањето гардијан има долго минато во вселенските операции, влечејќи наследство од геслото на Вселенската команда на Военото воздухопловство од 1983 година, „Чувари на високата граница“ (на англиски: Guardians of the High Frontier). Називот бил најавен во декември 2020 година, во пресрет на првиот роденден на Вселенските сили, од потпретседателот на САД Мајк Пенс. Претходно, службениците биле познати како вселенски професионалци (на англиски: space professionals).[10]
Вселенските сили е најмалата вооружена служба на САД и е составена од 2.501 гардијан и активни 77 вселенски летала. Важни вселенски летала и системи со кои работи се: ГПС констелација, воена сателитска комуникациска констелација, вселенскиот авион Boeing X-37, национален систем за ракетно предупредување, национална мрежа за вселенско набљудување, мрежа за сателитска контрола и вселенски системи за електронско војување. Согласно Законот Голдвотер-Николс, Вселенските сили, како воена гранка, е одговорна за организирање, обучување и опремување на вселенски сили, кои потоа се презентираат пред обединетите борбени команди (на англиски: unified combatant commands), претежно пред Вселенската команда на САД (на англиски: United States Space Command), за примена.
Историја
уредиВселенските сили на САД ги влечe своите корени од почетокот на Студената војна. Првите вселенски програми на Военото воздухопловство почнале во 1945 година. Западната развојна дивизија била формирана во 1954 година, под водство на генералот Бернард Шривер, како прва вселенска организација во рамките на вооружените сили на САД, и сè уште постои како Центар за вселенски и ракетни системи при ВС. Воените вселенски сили биле организирани под неколку различни главни команди на Военото воздухопловство сè додека не биле обединети со формирањето на Вселенската команда на Военото воздухопловство на 1 септември 1982 година. Вселенските сили на САД најпрво почнале да спроведуваат операции за борбена поддршка во Виетнамската војна, и продолжиле да обезбедуваат сателитска комуникациска, временска и навигациска поддршка за време на Фолкландската војна во 1982 година, инвазијата на Гренада од САД во 1983 година, бомбардирањето на Либија во 1986 година и инвазијата на Панама од САД на крајот на 1989 и почетокот на 1990 година. Првата поголема употреба на вселенски сили кулминирала во Заливската војна, каде се покажале како важни за коалицијата предводена од САД. Првите дискусии за создавање на воена вселенска служба се случиле во 1958 година, а идејата повторно била земена предвид од претседателот Реган во 1982 година. Вселенската комисија од 2001 година барала создавање на Вселенски корпус помеѓу 2007 и 2011 година, а независен предлог во Конгресот на САД можел да создаде Вселенски корпус во 2017 година. На 20 декември 2019 година бил потпишан Законот за Вселенските сили на САД, со кој Вселенската команда на Военото воздухопловство била реорганизирана во Вселенските сили на САД, со што била создадена првата нова независна воена служба од 1947 година, кога Воздушните сили на Армијата на САД биле реорганизирани во Военото воздухопловство на САД.
Мисија
уредиЗаконот за Вселенските сили на САД (на англиски: United States Space Force Act) ги кодифицирал Вселенските сили како организирани, обучени и опремени за да обезбеди „слобода на дејствување за САД во, до и од вселената“ и „брзи и одржливи вселенски операции“, а како цел на наведените должности е „заштита на интересите на САД во вселената“ и спречување на агресија во, од и кон вселената и спроведување на вселенски операции.[11]
На 10 август 2020 година, Вселенските сили ја објавила својата врховна доктрина, „Spacepower: Doctrine for Space Forces“, пошироко објаснувајќи ги набројаните мисии и должности. Во Spacepower, Вселенските сили ги дефинира нејзините три темелни одговорности, артикулирајќи зошто вселенската моќ е од витално значење за просперитетот и безбедноста на САД — со цел да се обезбеди слобода на дејствување во вселенскиот домен, да се овозможи здружена делотворност и леталитет и да се обезбедат независни опции за националното водство на САД, способно да ги постигне националните цели. Spacepower ги воспоставува петте основни надлежности на Вселенските сили, кои артикулираат како се користи вселенската моќ — вселенска безбедност, борба со проекција на моќ, вселенска подвижност и логистики, информациска подвижност и свесност за вселенскиот домен. Spacepower ги наведува седумте дисциплини на вселенската моќ кои се потребни за основните компетенции: орбитално војување, вселенско електромагнетно војување, раководење со вселенска битка, вселенски приод и одржување, воено разузнавање, кибероперации и инженерство и снабдување.[12]
Наводи
уреди- ↑ „U.S. Space Force Fact Sheet“. Spaceforce.mil. United States Space Force. 20 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-16. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ 2,0 2,1 Beynon, Steve (27 август 2020). „Space Force unveils first set of regulations — how to wear the camouflage uniform“. Stars and Stripes. Архивирано од изворникот на 2021-04-04. Посетено на 4 септември 2020.
Space Force has 90 troops, with Towberman being the only enlisted member. But 2,410 eligible airmen will start to transfer into the service and become space professionals on Sept. 1.
Укажано повеќе од еден|accessdate=
и|access-date=
(help) - ↑ Dickstein, Corey (15 мај 2020). „Space Force unveils its service flag at White House ceremony“. Stars and Stripes. Посетено на 16 мај 2020.
Last month, the service increased from just two official members — Raymond and Towberman — to 88, when it added 86 second lieutenants who commissioned into the branch from the Air Force Academy.
- ↑ „What's the Space Force“. spaceforce.mil.
- ↑ „U.S. Space Force brochure“ (PDF). www.airforcemag.com. Посетено на 22 септември 2020.
- ↑ „The U.S. Space Force logo and motto“. United States Space Force.
- ↑ Robitzski, Dan (18 јуни 2018). „The US may soon have the world's first Space Force“. Futurism (англиски). Посетено на 3 февруари 2021.
- ↑ „We received a special birthday shout out from General Lee Seong Yong, Chief of Staff of the Republic of Korea Air Force!“. Twitter. United States Space Force. 17 декември 2020.
- ↑ „Fact Sheet“. United States Space Force. Архивирано од изворникот на 2020-01-16. Посетено на 27 јануари 2020.
- ↑ Pawlyk, Oriana (18 декември 2020). „'Guardians' of the Galaxy: Pence Announces Name of Space Force Members“. Military.com (англиски). Посетено на 19 декември 2020.
- ↑ „National Defense Authorization Act for Fiscal Year 2020“ (PDF). United States House of Representatives. Декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Wright, Ashley M. (10 август 2020). „Space Force releases 1st doctrine, defines "spacepower" as distinct form of military power“. United States Space Force (англиски). Посетено на 3 февруари 2021.