Вруток на Босна
Вруток на Босна (бошњачки: Vrelo Bosne, српски: Врело Босне) – извор во централна Босна и Херцеговина. Тој е извор на реката Босна и е едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина. Врутокот на Босна се наоѓа на периферијата на Сараево, покрај Илиџа. Тоа е едно од најпознатите места на природна убавина, сместено во подрачјето на Сараево.
Во текот на деведесеттите години на 20 век местото е слабо одржувано, па во 2000 година е покренат проект за голема ревитализација на местото. Локалните тинејџери водени од меѓународните еколошки организации на Врутокот на Босна му го вратиле претходниот раскош. Денес Врутокот на Босна е позната атракција, како за локалните посетители така и за странските туристи. Се состои од повеќе мали островчиња поврзани со мостови преку бројните мали потоци. Во паркот се наоѓаат доста животни како пајки и лебеди. Во паркот има ресторани, фијакери и други занимливости за посетителите.
Надворешни врски
уреди„Вруток на Босна“ на Ризницата ? |
- Врутокот на Босна - фотогалерија Архивирано на 15 декември 2007 г.