Вртекица (археолошки наоѓалишта)

  • Св. Димитрија — средновековен сакрален објект. Во Шелско Маало се наоѓа текија со девет гробови која била изградена пред во последните децении на XVIII век врз темели на средновековна црква која, според преданието, била посветена на св. Димитрија. Дека селото било населено од христијанско македонско население сведочи податокот на листот 42 од Кодикот на манастирот Матка од 1570-1580 година, во кој како приложник од ова село е заведена „рабинката божја Тода“. Денешните муслимански жители започнале да се населуваат во селото кон крајот на XVII век.

Литература

уреди